АктуелноЛокалноСтав

Симонов: Другари, победивме БИТКА, најважното допрва ни претстои

Статус на Александар Симонов, член на Централен Комитет на Левица:


Другари, победивме БИТКА, НАЈВАЖНОТО допрва ни претстои.

Одлуката за одлагање на пописот е победа само во една битка, но ова ќе трае многу, МНОГУ подолго. Како Левица покажавме борба, решителност, непослушност, пркос, ПОКАЖАВМЕ КАРАКТЕР во сротивставувањето и БЕСКОМПРОМИСНОСТ во позициите.

Добивме поддршка од многумина: леви и десни па и либерали (додуша молчеливо), АФЕРИМ. Благодарни сме на сите што ја поддржаа битката, директно со нас, покрај нас или сосема од страна. Покажавме дека здравјето на граѓаните е еднакво важно за секоја идеологија, обединувањето околу една идеја е важно за целата нација.Радува тоа што покажавме дека НЕ ИМ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЗАКАНИТЕ, ни од КАЗНИТЕ, покажавме дека ИМАМЕ ЌИЧМА.

Народ тешко можеш да запреш, ОБЕДИНЕТ НАРОД НЕ МОЖЕШ ДА ЗАПРЕШ. Не очекуваме да ни се извинат за заканите и притисоците, за тоа треба образ, ДОСТОИНСТВО, нешто што тие го немаат.

Ова е победа во БИТКАТА, НАЈВАЖНОТО допрва ни претстои! Од оваа ситуација излегуваме како победници само во еден случај: ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ДО МОМЕНТ КОГА ЌЕ ИМАМЕ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НАД ЕПИДЕМИЈАТА и ДОНЕСУВАЊЕ ЦЕЛОСНО НОВ ЗАКОН СОГЛАСНО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ООН ЕУРОСТАТ И ЕУ. Се’ друго за нас е пораз, за јавноста замајување. Со одложувањето до септември ЕСТАБЛИШМЕНТОТ ќе се обиде да релативизира, да замајува, да ни го одвлече вниманието, да го стават прашањето во втор ред , да не направат инфериорни, дааа… направат се што е потребно за пописот да го спроведат. Имаат намера, имаат и АМИН, од Калето, ќе тераат до крај.

Многумина се приклучија во борбите за оваа „статистичка операција“, но, во меѓувреме ќе отворат уште многу фронтови, немојте да сте сервилни, АВАНГАРДАТА победува, но мора и да се засилува, да напредува.

Не чекај, ПРИКЛУЧИ СЕ!

Во кампањата!

Во отпорот!

Во борбата!

ЗА НАРОДОТ,

ЗА МАКЕДОНИЈА!

#НеОтворамВрата