(Видео) Апасиев до Заев: Прашавте од што се плашиме?

„Почитуван премиере со внимание ја слушав вашата дискусија и вашите квази-патриотски ламентации.
Имено, јас по етничка припадност сум Брсјак, а по народност и националност сум Македонец.

Прашавте од што се плашиме? Се плашиме од процесот на демакедонизација кој што ќе го спроведете. И се плашиме од договорените проценти со ДУИ уште кога ја формиравте владата.

Имено, цело време се повикувате и така го прошверцувавте законот, со европско знаменце. Никаде немате попис на дијаспора, никаде во светот согласно со Конференцијата на европски статистичари, само жители кои тука живеат една година се попишуваат, за да нема двојно попишување. Ваков попис, преку скајп од Швицарска и единствени матични броеви има само кај нас.
Е, од тоа се плашиме.

Се плашиме од тоа што Методологијата не прави разлика момеѓу вкупно население и вкупно попишано население. И од тука вашите тези за рамномерни развои, за економско планирање паѓаат во вода, затоа што вие нема да добиете реална слика. Петстотини луѓе во едно село, а три илјади попишани, ете тоа ќе го добиете. Бидеќи не ви е дефинирано вообичаено место на живеење, и повторно не ќеможите економски да го планирате развојот.

Никаде не можите да се попишувате без лични документи. Кај нас во законот стои „соодветни”. Какви се тие соодветни? Треба да се дефинира. Никаде во светот друго лице за вас не може да даде лични податоци. Тука се вели „податоци за вас може да даде оној на кој му се најмногу познати”.

Такви општи флоскули, кои се неприфатливи номотехнички за еден законски текст. Секаде Методологијата е внесена во законот и законски се дефинирани термините, само кај нас му оставивме на Апостол да ни дефинира методологија. Никаде во светот немате врзан потпис. Никаде во светот немате вето од страна на заменик директор.

И затоа уште од првиот ден излегоја куршлузи кога директорот вели ”не може да дадете за етничка пропадност”, ама заменикот го поправа во фуснота и вика ”не бе, можете да дадете”. Како може некој да даде податок за етничка припадност на некој друг, кога е строго личен податок по сите меѓународни стандарди?

Плус тоа, тоа е минива категорија, тоа е чувство. Денес може да се чувствувате Македонец, утре може да се чувствувате Северномакедонец, задутре може Србин се чувствувате. Така што, овие квазипатриотски говори воопшто не ја подобруваат сликата. Немам дополнителни прашања и не сум задоволен од одговорот”