Методологијата за попис пред Уставен суд: Македонците се народ, а не етничка заедница, Методологијата е фалична!
Активистката Олгица Трајковска поднесе Иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на усвоената Методологија за пописот на населението. Во продолжение ја пренесуваме аргументацијата на Иницијативата.
Во Метологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во РепубликаМакедонија, 2021 година, пропишана од Директорот на Државниот завод за статистика, Бр.23-4/1 од 4. февруари, 2021. е утврдено следното:
6. ЕТНОКУЛТУРНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
6.1 Припадност кон етничка заедница
Припадноста кон етничка заедница се дефинира како чувство на припадност на лицето единица на Попис кон одредена етничка заедница…“
Уставни или законски одредби* за кои подносителот смета дека се повредени со оспорениот акт/одредба и причини за оспорување:
Оспорената одредба од Методологијата е спротивна/ не е во согласност со:
1. Уставните одредби
2. Меѓународните правни документи ратификувани во согласност со Уставот кои се дел од правниот поредок
3. Законот за попис на населението, домаќинствата и становите за 2021.
4. Законот за спречување и заштита од дискриминација
1.СПРОТИВНА НА УСТАВНИ ОДРЕДБИ:
1.1.Преамбула:
„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите…“
1.2.Член 8:
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија се:
-…
– основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;
– слободното изразување на НАЦИОНАЛНАТА припадност ( во која спаѓа изразување на припадност кон македонскиот НАРОД или кон етничка заедница. „етничко малцинство“)…
-…
– владеење на правото…“
1.3.Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
1.4.Член 50
Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.
Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно унапредување и заштита.
1.5.Член 51
Во Република … законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
1.6.Член 54
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
1.7.Амандман XXXVI (на чл. 49.):
Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
2. СПРОТИВНА НА МЕЃУНАРОДНИ ПРАВНИ АКТИ
Спротивна на основните меѓународни правни акти кои се ратификувани во согласност со Уставот и се дел од правниот поредок со кои се утврдува правото на самоопределување и самоидентификација, особено со Основната декларација за човековите права Повелбата на ООН. Рамковната конвенција за малцински права на Советот на Европа и многу други, предвидуваат права за етнички малцинства и нивна заштита.
3. НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС (за 2021.)
Член 10
За лицата од членот 6 точка 1 од овој закон, што ќе бидат опфатени со Пописот ќе се обезбедат податоци за:
– географски карактеристики,
– демографски карактеристики,
– економски карактеристики,
– образовни карактеристики,
– миграциски карактеристики,
– етнички карактеристики,
– културолошки карактеристики,
– религиозни карактеристики и
– инвалидитет/функционална попреченост.
4. НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Член 5
Дискриминаторска основа
Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа (во натамошниот текст: дискриминаторска основа).
ПРИЧИНИ ЗА ОСПОРУВАЊЕ
(образложение)
Согласно правната теорија и меѓународното право, Уставот прави дистинкција помеѓу поимите „НАРОД“ и „ЕТНИЧКО МАЛЦИНСТВО“ ( кај нас, почнувајќи со Рамковниот договор од 2001. и Амандманите на Уставот терминолошки трансформирани во „етнички заедници“, односно „делови од народи“ кои ги уживаат истите човекови и граѓански права во државата).
Основната дистинкција се однесува на тоа – што НАРОДОТ (само – македонскиот!) нема друга матична држава (освен оваа – македонската), а ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ „деловите од народи“ ( сите други наброени во Преамбулата на Уставот) имаат свои други матични држави. („Позитивен“ исклучок е направен за Ромите и Власите, кои се сметаат за етнички групи, бидејќи немаат свои матични драви, а кои со Преамбулата на Уставот се кренати на степен на „дел од народи/етнички заедници“).
Уставот, сите граѓани, независно од нивната припадност ги подведува под заеднички поим на „НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ“, во која, покрај Македонскиот народ и деловите од наброени народи, спаѓаат и други, ненаброени.
На секој човек (и граѓанин) според меѓународното право, му е гарантирано неговото индивидуално право на СЛОБОДНО изразување на својата национална припадност (на народ, на малцинство или други). Такво решение содржи и македонскиот Устав.
Оттука, тоа право – на СЛОБОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ НА СВОЈАТА НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ натаму, мора да биде обезбедено со сите закони и подзаконски акти кои мора да бидат во согласност со Уставот и законите.
Описната форма за утврдување на посочените карактеристики во Законот за попис, не се соодветно обработени/содржани во Методологијата, што не е во согласност со Уставните одредби, па, оттука, Методологијата пропишува/манипулира со сосема поинакви поими/формулации од пропишаните со повисоките акти.
Така, со цитираната одредба од Методологијата, НЕДОЗВОЛИВО и спротивно на цитираните одредби на Уставот, односно, не во согласност со законите, на припадниците на македонскиот народ не им е овозможено изјаснување како припадници на НАРОД, туку единствено како припадници на ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ.
На овој начин, не само што се прави ДИСКРИМИНАЦИЈА на припадниците на македонскиот народ во однос на припадниците на други „делови од народи/етнички заедници“ кои имаат право на изјаснување припадност кон својата „етничка заедница“, туку директно се наведува – македонскиот народ, попишувајќи се како „етничка заедница“ – да се ОТКАЖЕ од својата ПОСЕБНОСТ како НАРОД, а со тоа и од својата единствена МАТИЧНА – македонска држава! Дури и уште повеќе – да спадне на категорија на „етничка група“, затоа што (ќе) нема „друга“ матична, македонска држава!
Предлог до Уставниот суд (пример: да поведе постапка, да укине, да поништи…):
Да поведе постапка и да ја поништи оспорената одредба
Посебен предлог (времена мерка):
Да ја запре од извршување оспорената одредба