Крмов: Симовски бил заменик-директор за контроверзниот попис во 2002 година
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов откри дека дел од кадарот кој раководеше со пописот во 2002 година беше токму и актуелниот директор на Државен завод за статистика – Апостол Симовски.
Дел од кадарот на СДСМ кој раководеше со сомнителниот попис 2002 година, сега е поставен да го раководи и овој попис.
Апостол Симовски иако директор, прифати неговиот заменик да има иста моќ како него. Јавно го дисциплинираа да не измрдува од договореното и срамно му се извинуваше на неговиот заменик од ДУИ. Апостол Симовски кој подклекна на политичкиот притисок од СДСМ/ДУИ и остави можности во законот и методологијата да се манипулираат податоците. Апостол Симовски кој од позиција на власт ќе го гониме кривично да одговара! – напиша Крмов на својот профил.
Дел од кадарот на СДСМ кој раководеше со сомнителниот попис 2002 година, сега е поставен да го раководи и овој попис….
Posted by Борислав Крмов on Tuesday, 16 March 2021