АктуелноИнтернационалноЛокално

Барањето за ослободување на Навални е само една од ратите со кои Заев си ја купува поддршката од Западот

Секторот за надворешна политика и безбедност на политичката партија Левица објави реакција после вчерашната вест дека Владата на Заев се приклучила кон притисоците кон Русија за ослободување на Навални. Реакцијата ја објавуваме во целост:


Вчера Македонија се најде на листата на држави кои ја повикуваат Русија на итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални. Со овој чин, владата на Заев повторно ја демонстрираше потчинетоста која е нејзино заштитно обележје и која доследно ја практикува. Одлуката доаѓа помалку од 2 недели откако Русија експресно достави 3.000 руски вакцини Спутник V. Заедно со донацијата на вакцини од страна на Србија, ова се единствените вакцини со кои располагаме како држава.  Тоа значи дека единствените две држави кои покажале солидарност кон македонскиот народ во однос на вакцините, Србија и Русија, се воедно и истите држави кон кои Владата на Заев покажува континуирано нетактичен и дрзок однос. Тоа значи дека во обидот да се претстави како лојален послушник, надворешната политика се користи само како инструмент начин за обезбедување на поддршка за Владата од страна на Западот, а е целосно одделена од интересите и потребите на народот. 

За глобалната јавност која е отпорна на пропагандите на западниот империјализам,  јасно е дека Навални е само инструмент на Западот за дестаблизација на Русија, а воедно и провокатор кој беше обвинет за шовинизам и расизам. Впрочем, тој и го загуби статусот „затвореник на совеста“ што го доделува Амнести Интернешнл поради неговите коментари кои се сметаат за „говор на омраза“. Но ова не беше пречка за Заев преку поддршката за Навални, Македонија повторно да ја стави во друштво со други земји кои се одбележани со отсуство на суверенитет во надворешната политика и слепо следење на нарачките од Вашингтон, Лондон или Брисел. Ваквиот чин на „солидарност“ на Владата на Заев кон Навални, е повеќе од чин на слепо следење на наредбите на Западот. Всушност, естаблишментот на СДС и Навални ги поврзува и директната поддршка која ја добиваат од фирми како Белигкет. 

Потсетуваме дека неодамна во јавноста излегоа информации дека Белигкет, фирмата која ги крои е ПиАр кампањите на Навални, всушност ја помагала кампањата на Стево Пендаровски за Претседателските избори во 2019 година. После нивното учество во операцијата во Македонија, Белингкет дури и објавиле текст пред парламентарните избори во 2020 насловен „Руското влијание во С. Македонија“. Извештајот заклучи дека британските агенти ги користеле БиБиСи и Ројтерс за спроведување токму на тие тактики за кои политичарите и медиумите ја обвинуваа Русија.