Гарванлиев со бугарски пасош живеел “од другата страна на иста држава”
Откако јавноста најпрво реагираше дека во македонскиот спот за Евровизија се поставени боите на бугарското знаме, Гарванлиев повторно е на мета на јавноста после изјавата дека е државјанин и на Бугарија. Во однос на спорната сцена од спотот, од Национална галерија за Фокус изјавија дека „дошло до ненамерна грешка која се случила при варосување во објектот Даут пашин Амам уште пред околу пет години и редоследот на боите на делото омаж на Андреј Рубљов од Жанета Вангели ненамерно била прикачени со грешен редослед.”
Во новото интервју, Гарванлиев тврди дека има бугарски пасош и е бугарски државјанин, затоа што неговата баба има потекло од Бугарија. Самата контроверзност на изјавата е во тоа што македонскиот претставник не зборува за две држави, туку објаснува дека доаѓа од Струмица, која е од „другата страна на земјата.”
Гарванлиев беше дел и од евровизискиот тим на Тамара и од него можат да се најдат слики заеднички со Коста Петров и Костадин Костадинов, па се наметнува прашањето дали се работи за партиски избор во услови кога македонскиот народ е постојано изложен на понижувања од официјална Бугарија.
Денес се јави и европратеникот Андреј Ковачев, кој е познат по неговите шовинистички провокации спрема Македонија, при што побара да се поддржи Гарванлиев кој призна дека има бугарски пасош.
„Но, според стара југословенска традиција, во РСМ нема ништо полошо од тоа што некој има врска со Бугарија, дури и случајно. Ако тој е исто така бугарски државјанин, како што изјави самиот Васил Гарванлиев, ова е најголемото злосторство. За ова, тој ќе биде ставен на клада, понижен и јавно укорен. Па, како што успеаја во времето на Тито и сега успеаја … Спотот за Евровизија ќе биде преработен и бугарскиот „тробоец“ ќе биде внимателно исечен. Тие можат дури и ако сакаат со закон официјално да ја забранат употребата на комбинацијата на бои – бела, зелена и црвена, без оглед на редоследот и распоредот
И на кандидатот за РСМ за Евровизија, Васил Гарванлиев, му ја изразувам мојата поддршка! Да го поддржиме и за Евровизија.” – напиша Ковачев.