Руското БДП зголемено за 5% споредено со истиот период минатата година
Претседателот на Владата на Руската Федерација Михаил Мишустин на состанок за економски прашања соопшти дека БДП во Русија е зголемен за 5% во првите пет месеци од годината, споредено со 2023-та. Тој изјави дека ваков раст на БДП-то не било очекувано ниту од нивна страна,
Ако земеме статистика за пет месеци [од 2024 година], тогаш бруто домашниот производ [на Русија] додаде 5% на истиот период минатата година. Ова е значително повисоко од прогнозите и покрај сите обиди однадвор да не спречат.
Според податоците, главниот развој земјата го има во реалниот сектор, додека во преработувачката индустрија е достигнат неверојатен раст од 9%.
Позитивни се и показателите за реалниот сектор. Од јануари до мај, преработувачката индустрија порасна за речиси 9%. Машинското инженерство останува еден од клучните двигатели, кој покажа двоцифрени стапки на раст.
Мишустин додаде дека за русија е важно инвестициите да растата, и очекуваат овој тренд во нагорна линија да продолжи да се остварува во наредните квартали.
Она што е многу важно е дека инвестициите продолжат да растат. Тоа значи дека се создава добра основа за иднината. Тие на крајот на првиот квартал се зголемени за речиси 15%, главно поради машини и опрема, инвестиции во интелектуална сопственост.