Фарса на Заев и Николовски во борба против корупцијата

Пишува: Ѓорѓи ИлиевскиВиш просветен инспектор


Деновиве од страна на владата е донесен и усвоен акциониот план за борба против корупцијата. Како што наведува корупционерот Николовски  ќе има борба против непотизмот, против злоупотребата на службената положба и сето тоа ќе започне од нив. Добра фарса искажана од корупционерот Николовски. Неколку години во Република Македонија, работи Државната комисија за спречување на корупција, сведоци сме како актуелната власт на чело со Зоран Заев, Николовски, коалиционите партнери ДУИ и Беса не ги почитуваат донесените одлуки од страна на ДКСК, во делот на корупцијата, односно постапување незаконски и злоупотреба на службената положба на повеќе функционери од актуелната власт.  Од тие причини, оправдана е реакцијата на ДКСК до владата кои свесно не им овозможуваат оптимални услови за делување и работење во борбата против криминалот и корупцијата.

Последниве години, кога постојат вистински случаеви на луѓе кои осмелувајќи се да се конфронтираат со власта или поразлично гласно да размислуваат се шиканираат, омаловажуваат, им се врши психичка тортура, се затвораат. Кај нас постои видно едноумие, а демократиите никогаш неможат да функционираат нормално кога критичките гласови се замолчуваат. Поради тоа, за да се обезбеди еднаквост и слобода, неопходно е владеење на правото. Укажувањето на потребата од заштита и унапредување на основните човекови слободи и права е иманентна за поимот владеење на правото, како и потребата од постоечка ограничена државна власт, поделена на извршна, судска и законодавна заради неможност за сконцентрираност на власта во рацете на само еден државен орган и неговото самоволие. Меѓутоа, кај нас не постои тоа чек-ин баланс, туку постои изразито мешање на интеграциите и токму затоа, перцепцијата е дека и судската и законодавната и извршната власт с  е сконцентрирана во рацете на само еден човек.

Како што ќе рече првиот човек на Транспарент Интернешанал Македонија, Слаѓана Тасева:

„Се соочувам со притисок од Владата, и се обидуваат со тужби да ме замолчат за корупцијата која постои таму“ или како што вели „ Високата корупција е во високите ешалони на власта“.

Поим за корупција

Во правната периодика  поимот на корупција има широк опфат, а тоа подразбира злоупотреба на функцијата, јавно овластување, службена должност или положба за остварување на корист, директно или преку посредник за себе или за друг. Исто така, поимот корупција, ги опфаќа и поимите на:

–        пасивна корупција: намерно делување на службеното лице, кое директно или преку посредник бара или прима корист од било каков вид, за себе или за трето лице…и да ги врши надлежностите спротивно на службените обврски и

–        активна корупција: намерно делување на било кое лице кое директно или преку посредник, ветува или дава корист од било каков вид на службено лице, за него или за трето лице…спротивно на неговите надлежности спротивно на службените обврски.

Под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Напред наведените поими за корупција се во Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Да се потсети Зоран Заев и неговиот корупционер Николовски

Од извештајот објавен од Транспарент Интернешaнaл Македонија, за Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) во 2020 година, Македонија бележи најниски резултати  и најниско рангирање. Македонија се наоѓа  на 111 место со 35 поени од вкупно рангираните 180 држави од целиот свет. Во последниве две години (2019 и 2020 година) бележи пад од 106 место на 111 место. Пред нас се сите регионални држави. Како што стои во извештајот објавен од Транспарент Интернешaнaл Македонија, акцентот бил ставен во коруптивноста  на институциите во Македонија, коруптивноста на судството, високата корупција и недопирливи  за органите за прогон, партизирање и пазарење  во постапките  за вработување и обезбедување на конкурентност и подеднакви услови за сите при вработување, со цел ефикасна администрација која ќе биде професионална и компетентна до степен да обезбеди понатамошен развој на државата и континуитет за интеграција во ЕУ.

На напред наведеното од македонското преставништво на Транспарент Интернешенл Слаѓана Тасева изјавува: „Ова рангирање е историски  најлошото досега откако се мери во земјава“. А за арогантниот вицепремиер на Владата на Македонија Николовски  одреден за гонење на корупција, потценувајќи ги граѓаните ќе рече: „не пораснала корупцијата, тоа е само перцепција на граѓаните“. Еве една недоветна изјава на еден недоветен функционер задолжен да ја води борбата за корупција. За разлика од него, холандскиот амбасадор во Македонија ја изразува згриженоста на големата коруптивност во земјава.

 Што покажува практиката Николовски

За ваше сознание (негов премиер е Груби, Заев и ти тука не можете ништо) заменик министер за правда е Агим Нухиу,  човек кој незаконски се унапредувал во наставно-научно звање вонреден професор. Како и поранешниот министер за образование и наука Арбер Адеми (сега пратеник) кој незаконски се унапредувал во наставно-научно звање доцент. Кој незаконски земале хонорари на Правниот факултет во Тетово. Кој направиле образовен криминал. За каква правда, правен систем зборувате или за криминал и корупција, кој секојдневно гледаме што се случува на овој план со луѓето блиски на партијата СДСМ и ДУИ. За сето напред наведено, информирани се амбасадите во Македонија.

Или господа фарсери, поранешната министерка за правда Рената Дескоска, сама себе си се номинира за член на Венецијанската комисија. Истата воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски. Да биде скандалот поголем, како министерка за „правда“ Дескоска, целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа конфликти на интереси. Ќе наведам некои: Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска, именувањето на  Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип Наќе Георгиев, потоа именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски.

Со ваквите именувања од страна на поранешниот министер за „правда“ Рената Дескоска, полагањето на правосуден испит ќе зависи од субјективната  проценка на комисијата, дали кандидатите биле или се активни подржувачи на политиката на СДСМ и Зоран Заев. Ова е школски пример за непотизам, партизација и корупција.  Изјавата на  Зоран Заев дека „судството го отворил како пупка“, еве ви го  распупеното  судство и начинот на напредувањето по политички нарачки: судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО за Сеад Кочан, сега по награда е член на Судскиот совет. Судијата Лидија Трајковска Зимбовска е унапредена на судии во Апелациониот суд Скопје, судијата Ѓоко Ристов е унапреден (политичка награда) во Апелациониот суд Скопје, кој за насилството го опомена Курто Дудуш градоначалникот на Заев од Шутка. Судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ се унапредени во Врховен суд. Против судиите во Врховен суд кои одлучуваа за предметот Кочан и тоа: Јово Вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити, Рахилка Стојковска и Ќиро Здравев, има интересна ситуација, судијата Ќиро Здравев е унапреден во претседател  на Судскиот совет, судијата Фаик Арслани е в.д.Претседател на Врховен суд. Она што е интересно што за сите овие судии од Врховен суд, Судскиот совет за сите поведе постапка за разрешување, но на интересен начин, постапката е запрена за унапредените, а разрешени се Вангеловски, Стојковска и Катавеновски, токму така како што Зоран Заев нарачува и се фали по објавена „аудио бомба“.

Понатака Николовски, дали ќе покренете постапка за криминал за судските случаи запознат е и Судскиот совет и неговиот претседател Киро Здравев, за Основниот суд Струга, кои повеќе од пет години се водат судски прекршочни постапки од страна на Државниот просветен инспекторат против Меѓународниот универзитет Струга. Запознати се и амбасадите во нашава држава, дека повеќето донесени прекршочни постапки се ослободителни. Пресудите се однапред јасни. Не може да се пресуди ништо против струшкиот универзитет, зашто некои судии од струшкиот, битолскиот и Управниот суд се, или биле вклучени, во активности на овој универзитет. Кон оваа треба да се додаде и политичкиот момент поради блискоста на некои политички активисти со овој универзитет. На овој универзитет се констатирани законски пропусти согласно Законот за високо образование со ненострифицирани 800 дипломи на странски студенти, ненострифицирани дипломи и избор во наставно-научни звања како што е примерот со градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко, потоа на нотарката Беса Кадриу во наставно научно звање доцент, понатаму ангажираноста на заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, а градоначалникот дури и во вонреден професор, или  донесената најнова пресуда во овој  струшки суд од страна на судијата Фатмир Даути, кој носи ослободителна пресда за ректорот на овој струшки универзитет извршен врз Државни просветни инспектори кои неможат да си ја извршат службено својата работа.

За Основниот суд во Тетово, каде од страна на Државниот просветен инспекторат се поднесени прекршочни пријави за јавни функционери, и тоа против (поранешниот) министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет. Посебно за судиите Јасмина Лазароска и Хуриете Цека кои  носат  ослободителни пресуди. За какви судии станува збор, каде е нивната професионалност,  независност и правичност? Или, што ќе превземете  за борбата против корупцијата вие фарсери и Маричиќ, по известувањето од страна на Советот на јавни обвинители на Македонија ПО.бр.53/20 од 05.08.2020г.дека министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово – Правен факултет. Тие во периодот од нивното стапување на функција имаат користено средства по основ на договори за давање интелектуални услуги на Универзитетот Tетово на Правниот факултет,  преку Македонската авторска агенција А.Д. Скопје, што е спротивно на Законот за високо образование и Законот за Влада. Тоа е констатирано и од страна на ДКСК, како и од  страна на Управата на финасиската полиција. И  не се поведува кривична пријава. Која е пораката што ја давате ти министер Маричиќ, Николовски „крадете функционери, ако ве фатат парите вратете ги нема да одговарате“. Што ќе преземете против  Јавниот обвинител Басир Алиу од ЈО-Тетово или против член на Советот на јавни обвинители Арбер Исаку/ Arber Isaku)“.

Дали ќе испитате за јавните набавки во МВР, под водство на Оливер Спасовски, купување на автомобили ШКОДИ, за потребите на полицијата, купено исклучиво од Куманово. Или за фирмите на Заев…канабиси и слично. Или дали ќе ја испитате постапката на завршен факултет на Генералниот секретар  Зеќири (кумството со Заев) на Штуловиот универзитет во Тетово… Ова е само мал дел на корутивност и криминал на функционери на властите во Македонија.

Можда не го знаете, ќе го дознаете лицето Гералд Кнаус од европската иницијатива за стабилност истакнува дека „поради криминалот и корупцијата на власта, Македонија не треба да биде поканета на пристапните преговори со ЕУ“. Меѓу другото, истакнува дека „потребно е систем на независни јавни обвинители кои сериозно си ја работаат работата и кои собираат сериозни докази кои на крајот ќе доведат до судска пресуда…“. Понатака, господин Кнаус истакнува: „ Владата треба сериозно да поработи на реформите ако сака датум за преговори…” и додава „покажете дека имате независен судски систем и владеење на правото, кои е основен услов за стекнување на дел од пазарот“.

На крај останува да го цитирам Петре М.Андреевски: Фарса било тоа, мижи да те лажам…„Небеска Тимјановна“ (1988)