БНТ започна со емитување на Денот на Санстефанска Бугарија чиј дел е територијата на Македонија

Бугарската телевизија започна со емитување во Македонија на трети март, кога во Бугарија се слави „Денот на oслободувањето од Отоманското Царство”, односно денот кога во 1878 година е потпишан Санстефанскиот мировен договор кој предвидува создавање на Голема Бугарија, во чиј дел е вклучен и денешната територија на Македонија.

Вчера беше беше емитуван филм за комитите, но гледан од бугарска перпектива.

Каква историја се учи во Македонија” е насловот на документарниот филм. Преку анализа на македонските учебници, авторот на филмот Александар Марков сака да докаже дека во земјава се учи фалсификувана историја, теза со која се согласува и еден од членовите на бугарскиот дел од мешовитата комисија.