Криминалите на Филипче и неговите партнери
Преку истрагата и анализата која е направена преку еден онлајн медиум, Lider.com.mk, откриено е кои олигарси со години ја злоупотребуваат својата моќ на пазарот со увоз на лекови и ја ограбуваат државата за неколку милиони евра секоја година, и сето тоа со помош од врвот на министерството за здравство.
Објавени се документи на кои јасnо се гледа како сопственикот на фирмите Промедика и Неокор Медика, Ристо Лузевски – македонски мултимилионер и човек близок на банкарскиот сектор, координирано ја кревале цената на пазарот за лекови со што директно ѓи оштетиле македонските граѓани преку добивањето на поскапи тендери од државниот буџет.
За овој милионски скандал имало и веќе поднесено пријава во обвинителството и бил отворен случајот, но поради политички притисок се “чувал во фиока”.
Наводно, Промедика била казнета за оваа проневера со 0,2% од годишниот обрт, а тоа е толку минорна сума за тежината на овој милионски криминал, што на некој начин претставува јавно исмевање на судството и институциите со покажување на наддржавна моќ од страна на дрогериската мафија.