Бучковски потврди дека ќе се менуваат учебници поради Бугарија!

Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски во интервју за „360 степени“ потврди дека ќе се менуваат учебниците по историја, географија и литература. Оваа изјава доаѓа откако Мила Царовска на средба со Артан Груби прифати измена на учебниците по географија, откако млади од Алијанса за Албанците јавно палеа учебници. Ваквите измени настануваат без никаква вклученост на јавноста и транспарентност, ниту пак во консултација со експерти од фелата.

Бучковски на прашање како ќе се деблокира процесот и што бара Бугарија, потврди дека ќе се прифати, односно дека клучот е во заедничката историја, а нејзините измени ќе бидат внесени во учебниците на споменатите три предмети.

Ние се што треба да направиме, а клучот е околу заедничката историја, но ние тоа во самиот договор сме и го оставиле на мултидисциплинарната историско-образовна комисија која мислам дека ќе има клучна улога во создавањето на амбиентот. Не да се форсираат решенија преку ноќ, туку да биде продуктивна, да отвора прашања онака како што е утврдена методологијата и во духот на европските вредности, не само во обелоденување на усогласените текстови за заедничко чествување на личностите и настаните од заедничката историја, туку пред се, да се имплементираат во учебниците по историја, географија и литература, рече Бучковски за „360 степени“.

Промените кои власта ги прави во заедничката Комисија за историски и образовни прашања, каде досега двајца членови се променети, додека двајца членови кои не се променети учествуваат во новиот контроверзен Концепт за основно образование.