Крмов: Да не се дрзнат да го протнат со европско знаменце Законот за лична карта
Пратеникот Борислав Крмов, во своето вчерашно гостување на ТВ 24, потенцира дека Левица е спремна преку филибастеринг целосно да го спречи донесувањето на овој закон, повикувајќи се на блокирањето од страна на ДУИ при носењето на Законот за бранители.
,,Овој закон НЕМА да помине. А, ако се дрзнат да го пуштат со европско знаменце, значи правејќи ги тие преседани, или да ни ги фрлат амандманите во корпа (како со Законот за јазици) – ние јавно кажуваме дека со вакви преседани, утре Левица од позиција на власт не знам зошто воопшто би прифатила некој амандман од вас.
Ако вие ја одземете незаконски опцијата за филибастеринг, ние десеткратно ќе ви ја одземеме од позиција на власт. Затоа внимавајте то правите”