АктуелноИнтервју

(Видео) Борислав Крмов за етничка припадност во лични карти – гостин во 24 Анализа

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов во своето гостување во „24 Анализа” зборуваше во однос на предлогот на БЕСА за воведување етничка припадност во личните карти.
Крмов дебатираше со Славјанка Петровска (СДСМ), Миле Лефков (ВМРО-ДПМНЕ) и Фадил Зендели (БЕСА).

Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата се има остро изјаснето против етничка, расна и религиозна определба во личните карти.
Имате еден случај од 1999-та година, каде во Грузија имале предлог закон да се воведе етничка графа во личните документи.
Анти Коркеакиви, којшто е тогашен претставник на Европскиот Совет за Човекови Права во една изјава вели:
“Вметнување на етничка припадност во јавни документи ја нарушува Европската рамковна конвенција за национални малцинства”