АктуелноЛокално

(ФОТО) Писмо од граѓани од Елен Камен во Струга: Дали куќата на брегот на Охридското Езеро е незаконски изградена?!

Пред скоро 3 години група граѓани сопственици на викенд куќи во населба Елен Камен во Струга кои реагирале до Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко како и до повеќе други институции во врска со, како што велат, незаконско градење на брегот на Охридското Езеро.

Откако градбата била стопирана по нивните пријави, на 6 февруари дошле работници и за два дена изградиле куќа на земјиштето што, како што велат, инвеститорот тврди дека го поседува но нема градежна дозвола.
Веќе се обратиле во Општина Струга но се уште немаат одговор.
Спремаат и пријави до полицијата и до инспекторатот и бараат брза реакција на надлежните.


„Доколку овој објект нема дозвола/одобрение за градење (за што информација од Општина Стуга не можеме да добиеме), Бараме веднаш да излезете на лице место, истото да го констатирате и да донесете Решение и Заклучок за отстранување на градбата и враќање на плацот во првобитна состојба со изградба на потпорен ѕид (бидејќи при ископот патот падна и се формира свлечиште), кое претставува опшата опасност за луѓето и колите како и за куќите. Претпоставуваме дека сега изградениот објект куќа е со намера да се направи допарцелизација и другиот дел од плацот заведен во ИЛ.759 за КО Радожда на име на РМ да се откупи со непосредна спогодба со Општина Струга“, пишуваат во пријавата до инспекторатот.