Мојсоска: Левица е единствената партија која се бореше и спречи внесување етничка припадност во личните карти

  • Во гостувањето на емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, Генералниот секретар на Левица зборуваше за успешното блокирање на партијата во обидот за внесување етничка припадност во личните карти. Јована Мојсоска потсети дека од ДПМНЕ не застанаа во борба против оваа „племенска мерка“ предложена од партијата Беса и потсети на изјавата на нивниот лидер. Во прилог нејзиното излагање по однос на оваа тема:

Ќе се навратам на уште еден случај каде што раководството на ДПМНЕ не изневери. Кога се носеше воведувањето на етничка припадност во личните карти, ние први излеговме со ставот дека ќе го блокираме донесувањето на таков скандалозен закон.

Се произнесе и Комисијата за заштита од дискриминација со аргументи дека тоа се практики во високо-конфликтни држави, дека така почнале масакрите во Втора Светска Војна. Тоа беше барање на Беса, за да гласа за Преспански договор. Тоа сите го заборавија, а ние дојдовме во ситуација Мицкоски да излезе и да каже дека поддржува воведувањето на етничка припадност во личните карти со образложение дека така ќе може да каже дека е Македонец! Па извини, Беса требаше да ти даде предлог кој ќе ти овозможи да се декларираш како Македонец?

И ние останавме единствени од сите партии, и СДСМ и ДПМНЕ и сите албански партии беа за воведување на етничката припадност во личните карти. Ние толку многу алармиравме во јавноста, што дури и европскиот амбасадор Гир излезе даде изјава дека нема примери во ЕУ каде што е припадноста вклучена како информација во личните карти, напротив, ЕУ има низа на критики кон држави како Грија кои се обиделе да ја воведат етничката припадност во личните карти во текот на деведесетите години.

И затоа мене ми е многу небулозно кога говорат за некаков “проевропски фронт“ кога буквално сите критики кои доаѓаат во извештаите се претходно артикулирани само од Левица. И овој закон за етничка припадност во личните карти е моментално блокиран само од пратениците на Левица, ние во борбата бевме извисени од ДПМНЕ.

Тие и тогаш имаа некои оправданија дека Беса ќе излезела од Влада, ако не се вметнат припадности во лични карти и така натаму. Мислам, до кога ние ќе преговараме за македонските национални обележја и ќе кокетираме со великоалбанските изблици со цел формирање на влада. И ние постојано стоиме на ставот дека ниту едно национално предавство немаше да помине без активно учество на ДПМНЕ!