Разрешен директорот на Театар Комедија, Нора Шаќири е новиот в.д. диркетор

Нова комедија од кујната на власта денес одекна од театарот Комедија. Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар Комедија, откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција. Ристовски како досегашен директор на НУ Театар Комедија е разрешен од функцијата бидејќи Министерството за култура при вонреден инспекциски надзор утврдил неправилности во неговото работење. До избор на нов директор за вршител на должноста е назначена Нора Шаќири.

Нора Шаќири и Фатиме Фетаи

При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8,734,486 денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори, нешто што беше очекувано од партиски кадар на владејачката партија. Од министерството за култура информираа дека долгот во поголем дел е направен по основ на договори и фактури за услуги и материјали. Со тоа е сторена повреда на чл.70а, став 4 од Законот од култура, информираат од Министерството за култура. Дали има основ за кривична одговорност или ќе остане само на разрешувањето, од Министерството немаат одговор, но највуваат дека допрва ќе се испитува за што биле трошени парите и на кој начин биле злоупотребени.

Поради непречено функционирање на установата поставена е веќе таму вработената Нора Шаќири Марковиќ, која воедно ќе треба да го спроведе конкурсот на кој ќе се избере новиот директор на театарот со мандат од четири години. Кои се нејзините компетенции од областа на театарот останува нејасно, но јасно е дека таа треба да биде наградена за нејзиното учество во шарената револуција. Веќе протекоа нејзини статуси од времето на Шарената како се жали што не добила вработување, но и преговори со Заев во врска со нејзиното вработување.


Поучени и од неодамнешното случување со именувањето на директорот во културниот центар во Струмица, веројанто поставување некомпетентен партиски кадар како награда за учеството во нивното донесување на власт, е тоа што власта најдобро знае да го направи.