Франција: Германија да се откаже од проектот за гасовод со Русија

Разликите во политиките на Европа према Русија се зголемуваат. Европскиот парламент уште во јануари повика на нови санкции против олигарси со наводна поврзаност со Владимир Путин, официјалната  причина е апсењето на Алексеј Навални, еден од најгласните опозиционери. Но позадината на овој притисок од Европската унија е загриженоста за гасоводниот проект кој треба да ги поврзе Германија и Русија. Имено, по стагнација од година дена заради економски санкции врз Русија, исфорсирани од страна на САД, во декември по наредба на Меркел проектот продолжи.

Coronavirus: German Chancellor Merkel leaves quarantine
Ангела Меркел

Откако апелите и декларациите од ЕУ немаа ефект, во текот на вчерашниот ден Франција официјално ја повика Германија да се откаже од големиот проект за гасовод со Русија во знак на протест поради апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Москва.

Алексеј Навални пуштен од болница | Кајгана
Алексеј Навални

Отсекогаш сме велеле дека имаме најголеми сомнежи во врска со овој проект, истакна францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, мислејќи на Северен поток 2.

Германија е најсилната економија во регионот со децении. Овој притисок несомнено е разултат на стравот дека позицијата на САД значително ќе ослабне заради соработката помеѓу Германија и Русија.