Кина го отвора својот пазар за извозниците од Централна Азија

Народна Република Кина го отвора својот пазар за нови земјоделски извозници од Централна Азија. Така, земјата влегува во нова фаза на економска интеракција со регионот.

Со децении наназад, Кина, освен нафта и гас, скоро да ништо друго не увезуваше од Централна Азија. Но, сега Пекинг покажува подготвеност да прифати производи од многу други индустрии. Тие потпишуваат фитосанитарни договори, одобрувајќи ја експанзивната листа на прехранбени производи од Централна Азија, истовремено им помагаат на компаниите да добијат електронски лиценци за извоз во Кина избегнувајќи ја традиционалната бирократиjа.

Ова е направено со цел регионот да стане економски постабилен, создавање на можности за освојување нови пазари од страна на кинески компании и зголемување на политичкото влијание на Пекинг, кое претходно беше спроведувано единствено преку програмите за обезбедување заеми за инфраструктурни проекти на државите од овој регион. Со влегување на кинескиот пазар, земјите извознички од овој регион имаат можност да ја зајакнат валутата и да создадат дополнителни работни места, а Пекинг со тоа добива нови политички партнери.

Владите на земјите од Централна Азија беа отворени кон ваквите идеи кои им овозможуваат развој на повеќе гранки во стопанството, особено во земјоделството. За време на посетата во Пекинг 2019 г., казахстанскиот претседател Касим-Jомарт Токаев предложи тројно зголемување на обемот на залихи на пченица наменети за Кина и со ентузијазам зборуваше за можностите кои се отвараат:

„Подготвени сме да снабдуваме млечни производи, месо од живина, говедско месо, јагнешко, свинско, брашно, како и житарки, мешунки и маслодајни семиња. Имаме намера да го зголемиме производството и извозот на органска храна во Кина“.

Во септември минатата година, претседателот на Узбекистан ги објави плановите за  дури петкратно зголемување на извозот на земјоделски производи.

Стратегијата на Пекинг во сето ова е двојна: таа нуди пристап до неговиот пазар од 1,4 милијарди потрошувачи, додека истовремено ги помага претпријатија насочени кон извоз, кои сакаат да влезат на овој високо конкурентен пазар.

Според казахстанската агенција за инвестиции, ова е долгорочна иницијатива: „Во Казахстан, заедно со странски инвеститори, тие планираат да започнат пет проекти за месо во вредност од 127 милиони долари“, вклучувајќи проект од 26 милиони долари во регионот на Алмати со учество на кинески капитал. Казахстанските власти редовно зборуваат дека нивната земја има потенцијал да стане меѓународен центар за храна. Во октомври, министерот за трговија Бакит Султанов пред новинарите изјави дека неговото министерство создава „национален систем за дистрибуција, со интеграција во слични системи“ во регионот со цел „да ја обезбеди целата вертикала на земјоделските производители со гарантирана продажба на стоки и раст на приходите“. Годишно се подготвуваат над 100 казахстански компании за влез на различни странски пазари.

Chinese expansion in Central Asia dissolves like sugar in hot tea

Сите овие иницијативи се уште се во почетна фаза, но од средината на 2010-тите, Казахстан успеа малку да ја намали зависноста на извозот од јаглеводороди и метали, а Узбекистан – од јаглеводороди и памук. Но обемот на извоз на други стоки сè уште останува занемарлив во споредба со БДП на овие држави (околу 180 милијарди долари во Казахстан и 58 милијарди долари во Узбекистан). Во Таџикистан и Киргистан нема значително зголемување на извозот кон НР Кина, што е одраз на нивните слаби извозни перформанси воопшто.

И покрај релативно високото ниво на синофобија, Казахстан, Узбекистан и Таџикистан сепак се со намера да привлечат кинески инвеститори. Киргистан е посебен случај. Кинеските фабрики кои работат таму постојано се срќаваат со конфликти. Во февруари минатата година беше раскинат договорот за изградба на индустрискиот, трговски и логистички центар Ат-Баши вреден 280 милиони долари. Тоа беше пропуштена можност за диверзификација на економијата, толку зависна од Русија.

Во меѓувреме, производителите од овој регион се соочуваат со две  пречки:
Прво, Кина е еден од најконкурентните пазари на земјата, во повеќето индустрии постои силна конкуренција од големите извозници кои веќе го имаат своето место на пазарот. Пекинг е свесен за тоа и ги учи извозниците од Централна Азија како да ги користат различните канали за да ја пренесат стоката до кинескиот пазар. Многу производствени процеси во Централна Азија исто така се модернизираат на кинеска сметка. Општо земено, овие извозници не мора да доминираат на кинескиот пазар. Дури и мало учество во само неколку сектори ќе генерира огромни приходи за регионот на Централна Азија.

Вториот проблем е логистиката. Копнените и воздушните врски со поголемите градови на источниот брег на Кина не се толку развиени и не се толку ефтини како морските и воздушните врски помеѓу НР Кина и подалечните држави. Владите од двете страни на границата го разбираат ова и се посветени на развој на прекугранична логистика. Но, како што покажа горенаведениот проект Ат-Баши, секое решение не може да биде лесно.