АктуелноЛокално

Крмов за албанските партии и албанскиот етнос

Во вчерашното гостување на Канал 5, пратеникот Крмов од Левица зборуваше за ДУИ и злоупотребата на Рамковниот договор од нивна страна.

„Ние треба да почнеме веќе во оваа држава да ги разграничуваме албанските партии и албанскиот етнос, оти едното и другото немаат врска. Колку што Али Ахмети е сублимат на Албанците тука во Македонија, толку е Зоран Заев, толку е Христијан Мицковски, а не е така. Сите знаеме дека не е така.”

Тој дополна дека албанските партии веќе немаат допир со албанскиот плебс како што имале порано.

„Нема веќе ентузијазам кај албанската младина за нив. Тие го губат гласачкото тело, меѓу другото, затоа и зборував јас и дека тој Закон за државјанство е таму затоа што тие сакаат да направат инфлација така. Ако изгубат 100.000 гласа на избори, можат да увезат 100.000 гласа итн.

Значи, тука не се работи за ништо друго, освен за гол интерес, да се задоволи ДУИ, затоа што без ДУИ нема влада. Не се работи тука за никакви права. Да беа тие права толку клучни, немаше после 2001-ва да го имаме најголемиот егзодус на албанското население од оваа држава. Немаше да го имаме Тетово, да биде еден од најуништените градови кога целосно им е даден во рацете на ДУИ. Така, наводно, на “патриотите” им е даден. Земен е од “лошите македонски раце”, нели? Сепак тој е еден од најзагадените и еден од најурбано уништените градови во државата. Каде е тука поврзаноста на тоа што бара обичниот Албанец, а што бара ДУИ

Значи овде се работи, пак ќе повторам, за задоволување на ДУИ. Тие 20% не значат ништо, освен политичка моќ на албанските партии, конкретно на ДУИ. Ништо повеќе. Тие веќе почнаа да лицитираат со бројки, а бројќите немало шанси да бидат под 25%. Зошто? Затоа што тие ова исто го третираат како избори. Еве ќе видите, кога ќе заврши пописот, тие ќе прогласат “победа” и ќе го претстават како нивно достигнување.