Наставник по фискултура назначен за директор на Центар на култура во Струмица

Статус на Маја Велкова.


ЗБОГУМ КУЛТУРА, ЗДРАВО ФИСкултура?!

Од тројца кандидати и тоа:

1. Културен менаџер со мастер студии на Унеско катедрата за културен менаџмент при Универзитетот за уметности во Белград и десетгодишно искуство со проекти во полето на културата!

2. Културен деец – Дипломирана актерка, со скоро 2 децении официјален работен стаж и 30 годишно искуство во истата културна институција за која се бираше директор, што значи добро запознаена со проблемите на Центарот за култура.

3. Наставник по фискултура.

Министерството за култура и министерката Ирена Стефоска направија „мудар“ избор и за прв човек на чело на, можам да кажам, најголемата културна институција во Југоистокот на државата, го одбраа „најкомпетентниот“ кандидат – НАСТАВНИКОТ ПО ФИСКУЛТУРА, се разбира!!! Во предвид е земено неговото долгогодишно, да не речам вечно, директорско искуство исклучиво со јавни институции т.е. институции на државна цицка!

Е, сега сме мирни и со силна верба дека сите проблеми на културните работници во НУЦК „Антон Панов“ ќе бидат со сигурност решени!!! Тоа е таа ДЕПАРТИЗАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО и тие НЕЗАВИСНИ МИНИСТРИ кои носат одлуки со „своја“ глава! И, ТОА Е СЕ’ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА НИВОТО НА КУЛТУРА ВО НАШАТА ДРЖАВА!!!

НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!


ЗБОГУМ КУЛТУРА, ЗДРАВО ФИСкултура?! Од тројца кандидати и тоа: 1. Културен менаџер со мастер студии на Унеско…

Posted by Maja Velkova on Wednesday, 27 January 2021