Кубанската вакцина „Соберана 02“ започнува Фаза 2 од клиничките испитувања

Кубанските здравствени власти информираа дека вакцината против Ковид19 „Соберана 02“ влезе во втората фаза од клиничките испитувања откако успешно беше финализирана првата фаза која се одвиваше помеѓу октомври 2020 и јануари 2021 година. „Соберана 2“ чиешто име значи „суверена“ е втората вакцина која се развива во Куба. Првата вакцина „Соберана 01“ е моновалентна вакцина која моментално се наоѓа во првата фаза од клиничките тестирања. Во Куба под клинички тестирања се уште и две други вакцини, Мамбица и Абдала.

Втората фаза од клиничките испитувања за „Соберана 2“ започнаа на Плоштадот на револуцијата и во две општини во Хавана кои се сметаа за високо-ризични за пренесување на Ковид19. Во текот на следните три недели, 900 случајно одбрани лица на возраст од 19 до 80 години ќе добијат две дози од оваа вакцина во здравствените центри „де Абрил“ и „Клиника Уно“. Волонтерите потпишаа документ за согласност за учество во клиничкото испитување. Во оваа фаза, здраствените власти ќе ги следат реакциите, безбедноста и имунитетот на вакцината Ковид 19 создадена од кубанскиот институт „Финлеј“.

‚‚Ако резултатите од фазата II Б се позитивни, ќе се премине во трета фаза , што е одлучувачко за да се утврди дали вакцината ќе може масовно да се користи“, објасни специјалистката од Институтот за тропска медицина, Марија Толедо.

Куба е четвртата држава од Латинска Америка која развива сопствена вакцина против корона вирусот. Другите три држави се Аргентина, Мексико и Бразил.

Кубанските лекари и кубанскиот народ се издвојуваат со својот континуиран придонес кон животот на луѓето ширум светот, скоро секогаш изложени на голем ризик за себе. Од март 2020 година повеќе од 3700 кубански лекари, го обиколија светот за да помогнат во третирањето на пациенти заболени со  Ковид19. Поради тоа  започна и меѓународна кампања за номинирање на „Меѓународната медицинска бригада Хенри Рив“ од Куба за Нобелова награда за мир 21 за нивниот вистински инспиративен пример за глобална соработка и солидарност.