Односите помеѓу Русија и Германија во ерата на Лашет

Армин Лaшет беше избран за нов шеф на германската владејачката партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ). На лидерската позиција тој ќе ја замени Ангела Меркел. Лашет сега има големи шанси да стане нов канцелар на Германија, доколку ЦДУ повторно победи на изборите за Бундестагот. Пред партиските избори,  се пошегуваа дека следниот германски канцелар ќе биде Меркел, ама без Ангела.

Лашет е либерал на ЦДУ кој гравитира повеќе кон левичарските сили. Имајки во предвид дека неколку пати Германија ја имаше наречено имиграциска земја, се очекува тој да продолжи со отворената миграциска политика. Не сите членови на партијата се согласни со ваквите негови ставови или со неговите залагања за дијалог со Москва. „Во неговата ера“, Северен тек 2 најверојатно ќе биде завршен. Сепак, се чини дека надворешната политика не беше одлучувачки фактор при изборот на новиот лидер на ЦДУ. Германците денес вниманието првенствено го оддаваат на борбата против коронавирусот, вакцинациите и економското закрепнување. Во оваа смисла, Лашет се чини дека е адекватен кандидат. Општо земено, се очекуваат малку промени во неговото владеење и продолжување на Меркеловата политика.

Од  претендентите за функцијата лидер на ЦДУ, Лашет се смета за најумерен, вклучувајќи и по однос на руското прашање.

„Без Русија е невозможно да се решат многу меѓународни проблеми. Ова значи дека мора да бараме заеднички идеи со неа“, има изјавено Лашет повеќе од еднаш.

,,Германија треба да се воздржи од анти-Путин хистерија. Разгорување на непријателството кон рускиот лидер е популизам! “, – рече Лашет по присоеднувањето на Крим.

Тој ги смета доказите за вмешаност на Русија во труењето со Скрипал како неубедливи. „Демонизирањето на Русија е несовесно. Велика Британија постапува нервозно и се солидаризира со САД“, рече Лашет.

Покрај тоа, Лашет се залага за учество на Берлин во „Северен ток 2“ и постепено ограничување и укинување на санкциите кон Русија. Според експертите, можно е да има зголемен притисок од Берлин кон Киев за спроведување на политичкиот дел од договорите постигнати во Минск.

Германскиот политиколог Александар Рар на својот блог напиша: „За време на мојата работа со него, пред дваесетина години, кога тој беше на чело на надворешно-политичкиот комитет на Европскиот парламент во Брисел, јас работев во институтот, напишав труд за заедничкиот простор Русија – ЕУ од Лисабон до Владивосток. Тој самиот беше архитект на идејата за стратешко партнерство со Русија. Кога беше министер за интеграција на Северна Вестфалија, создаде комитет за работа со Руси во Германија. За време на последниот дијалог во Петербург, го одржа клучниот говор на германско-рускиот конгрес. Дефинитивно, со него, руско-германските односи ќе бидат подобри , отколку со Меркел “.

„Што се однесува до Украина,  претпоставувам дека за време на управувањето на  Лашет, конфликтот во Донбас ќе биде замрзнат. Од една страна, тој не сака да ги расипе односите со Москва, од друга страна, тој ќе биде зафатен со внатрешни проблеми поврзани со борбата против коронавирусот “, изјави за „Страна“ германскиот новинар Пол Урбан. 

Околу прашањата поврзани со украинската криза Лашет секогаш зборува неутрално и на формален начин.

„Северна Рајна-Вестфалија, Германија и Европската унија се заинтересирани за стабилна, демократска и економски просперитетна Украина. Затоа, задоволни сме што новата украинска Влада презема јасна обврска кон Европската Унија и европските вредности. Текот на реформите што ги избра, се исто така во интерес на Северна Рајна-Вестфалија во врска со идната соработка.”

– „Решавањето на конфликтот во источна Украина, се разбира,  ќе има одлучувачка улога во нашата идна соработка. Факт е дека средбата на 9 декември (2019 година,), помеѓу  Германија, Франција, Русија и Украина, за прв пат по повеќе од три години, е важен чекор напред. Сега е важно да се продолжи разговорот и да се продолжи процесот на приближување “ – рече Лашет за време на приемот на украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник на 13 декември 2019 година.

Експертите не исклучуваат можност за тензии во односите меѓу германските власти и САД во случај Лашет да биде назначен за канцелар. Неговите позиции и позициите на новата администрација на Бајден во САД, имаат целосно спротивставени ставови по однос на завршувањето на проектот „Северен ток 2“.

„Интересно, Армин Лашет е именуван по античкиот германски херој Арминиј, кој се побунил против Римјаните и ги поразил во битка во шумата Тутобург. Со тоа заврши т.н. ‘Пакс Романа’ (римскиот мир – долг период на мир и релативна стабилност во рамките на Римската империја), да видиме што ќе се случи со Пакс Американа“, напиша Олег Волошин, политички научник и експерт за меѓународни работи, на својата Фејсбук страница.