Левица: Богоев платил фирма да следи вести во медиуми

Од Локалниот огранок на Левица од Карпош реагираа дека градоначалникот Стефан Богоев со пари од општината се подготвува за изборната кампања. Како што наведуваат во реакцијата, на 2 ноември Општина Карпош, претставувана од градоначалникот Стефан Богоев, склучила договор со Друштвото за трговија и услуги „ПРЕСС КЛИППИНГ ДОО” од Скопје, при што предмет на договорот е изработка на мониторинг и дневен преглед на вести со транскрипција на македонски јазик.

„Всушност станува збор за услуга со која компанијата носител на набавката ќе го мониторира телевизискиот простор, интернетот и печатените медиуми и при тоа ќе обезбедува информирање во врска со сите објави во наведените медиуми поврзани со Стефан Богоев, како клучен збор, покрај останатите. За оваа услуга од општинскиот буџет на Пресс Клиппинг ДОО ќе бидат исплатени 245.322 денари.

Со оглед на тоа што Општина Карпош со повеќе од 5 милиони евра е третата најзадолжена општина во Република Македонија, навистина е неразбирлива потребата од ваква услуга. Богоев јавно треба да одговори дали со парите на Општината се подготвува за изборната кампања и како оваа услуга ќе го подобри животот на жителите на Општина Карпош?”


Дали Богоев со парите на Општината се подготвува за изборната кампања? ➡ На 2 ноември годинава Општина Карпош,…

Posted by Левица – Карпош on Tuesday, 22 December 2020