Трибина: Енергетската политика го уништува земјоделието во овчеполието

  • Соопштение на Левица – ЛО Свети Николе

Поставувањето сончеви колектори кои го узурпираат плодното земјоделско земјиште стана негативен тренд кој ги засега земјоделците од сите краеви во Македонија. Овчеполската котлина станува една од најпогодените делови, каде непланското поставување на фотоволтаични панели, дозволува дивеење врз плодното земјиште од странските и домашни „инвеститори“, претворајќи ја плодната котлина во стаклена џунгла, каде снемува место за земјоделски култури.

Државната политика на безредие во енергетиката каде отсуствува билокакво стратешко и долгорочно планирање, се повеќе го загрозува производството на одредени земјоделски култури, со што егзистенцијата на многу семејства се доведува во прашање. Од друга страна, еколошките проблеми кои наѕираат во иднина, се проблематика на која воопшто не се размислува ниту среднорочно.

Производството на електрична енергија која се произведува на плодно земјиште и ќе се продава на слободниот пазар нема да ја намали висината на сметките во домакинствата, но сериозно ќе повлијае на продолжување на трендот на инфлација на храната, која се помалку ја произведуваме.

Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани на ТРИБИНА организирана од Л.И. РАЦИН, која ќе биде на 22. ноември (среда), во Големата сала во зградата на Општина Свети Николе.

ЛО Левица – Свети Николе ги поканува граѓаните на трибината во среда и ја искористат можноста да поразговараат со експерти од оваа област, на тема која го засега речиси секое земјоделско семејство во Општината.