(Видео) Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ против еко-автобуси за ЈСП – Обединети во приватен интерес

  • Обраќање на Амар Мециновиќ, член на Советот на Град Скопје

“Покрај политичката нестабилност во Советот на Град Скопје, неопходно е да почнат да се решаваат социјалните проблеми и да се трасира нова насока во градската политика.
Еден од главните социјални проблеми е јавниот превоз, кој поради големата класна раслоеност и економската централизација на активностите претставува превозно средство и егзистенцијален инструмент за огромен број од граѓаните.

Во ниедна метрополата јавниот превоз не е во приватни раце, во Скопје тоа беше така поради лукративните зделки на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и затоа квалитетот на оваа клучна услуга е опаднат.

Набавката на еко-автобуси не само што става крај на трендот на расчеречување на јавните капацитет, туку дополнително, тоа е решение прикладно на нашето време поради еколошката димензија.

Покрај нужноста, советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа зголемувањето на капацитетите на ЈСП.