Европската левица ја критикува надворешната политика на ЕУ

Ирскиот политичар и европарламентарец Мајк Валас, како дел од парламентарната група на Европската обединета левица е еден од најистакнатите критичари на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. 

Како левичар Мајк Валас жестоко се спротивставува на империјалистичките политики водени од САД, политиките кои ги води Франција на африканскиот континент, сервилноста на ЕУ по палестинското прашање и селективната политика кон човековите права, како и агресивната политика со санкции кон Исламската Република Иран која ЕУ ја спроведува по налог на САД. Според ставовите кои ги застапува во Европскиот парламент, фаворизирањето на политиките кои ги водат одредени држави на Блискиот Исток (помагајќи и оправдувајки ги нивните воени дејствија) од страна на ЕУ, како и постојаното претставување на Русија, Иран и Кина како држави кои претставуваат „закана за Европа и светот“, претставуваат недостиг на здраворазумна политика од страна на Унијата.

Минатата недела, Мајк Валас неколку пати зеде збор во Европскиот парламент, при што во едно од своите обраќања тој го истакна следново:

„Голем дел од нашите безбедносни проблеми доаѓаат како резултат од „западната дестабилизација“ на земјите надвор од нашите граници. Ако навистина се грижиме за безбедноста, зошто продолжуваме да го поддржуваме империјализмот на САД и нивните бесконечни војни?

Во 2019 година, израелските одбранбени сили убија 133 палестински цивили, од кои 28 беа деца!  Зошто не ги спречиме земјите-членки (на ЕУ) да продаваат оружје за Саудиска Арабија и ОАЕ кои вршат геноцид во Јемен? Над 100.000 деца загинаа во таа војна, а ние дури и не сакаме да зборуваме за тоа во Парламентот!

Зошто го поддржуваме бомбардирањето и уништување на Либија од страна на НАТО и раселувањето на милиони бегалци? Луѓето во Европа сакаат безбедност! – Така? Тие сакаат безбедност дома! – ЕУ во 2018 година потрошија 78 милијарди евра за домување и над 200 милијарди евра за оружје и одбрана!“

Во наредното обраќање, Мајк Валас го потенцираше нееднаквото однесување на ЕУ кон човековите права и селективното и пристрасно толкување на конфликтите. Тој потенцира: „ЕУ им дава награди (ја финансира) опозицијата во Белорусија затоа што се граничи со Русија. Ние (ЕУ) ги сакаме човековите права кога можеме да ја „шутнеме“ Кина или Иран – но во Парламентот не можеме да расправаме за Јемен, затоа што сме соучесници во геноцидот во кој Саудијска Арабија и ОАЕ убија  илјадници, додека милиони гладуваа…“

Мајк Валас застапува позиција според која, доколку ЕУ навистина сака безбедност, мора да го намали вооружувањето на земјите-членки и целосно да го стопира продавањето оружје на трети држави.

Кон овие анти-империјалистички ставови на споменатиот европарламентарец од Ирска често му се придружува и европратеничката Клер Дели (Clare Daly), која исто така е од парламентарната група на Европската обединета левица. Клер пред извесно време на својот твитер профил обзнани дека, заедно со Мајк Валас поднеле амандман со кој се повикува „ЕУ и земјите-членки да не водат студена војна против Кина“. При што овој амандман бил одбиен од страна на европратениците со 608 гласа ПРОТИВ.