Против антикорупционерката Билјана Ивановска поднесена е кривична пријава

Порталот Expres.mk денес пренесе дека против претседателката на ДКСК Билјана Ивановска поднесена е кривична пријава поради злоупотреба на службена положба и несовесно работење со донесување на одлука за за запирање на постапка против Еролд Муслиу.

Во пријаватa е наведено дека спротивно на член 31 од Законот за Агенција за разузнавање, Васко Шутаров вршел активност како истражувач во НВО Нексус, иначе невладина организација во сопственост на Афродита Муслиу – сопруга на Еролд Муслиу.

Дополнително, подносителот наведува дека „ДКСК нема извршено разговор со Васко Шутаров, ниту пак го повикала Зоран Иванов за да го потврди неговиот исказ во известувањето од Агенцијата до ДКСК дека Шутаров во февруари и март 2018 добил усмено одобрување од Иванов кој во тоа време раководел со Агенцијата.”

Во пријавата исто така се потенцира дека иако ДСКС и Секторот за организиран криминал при МВР одржале координација за случајот со цел размена на податоци и добиле извештај / одговор на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за пронајдени дигитални траги за ангажманот на Васко Шутаров во НВО Нексус, (ангажман кој е избришан од веб страната на Нексус) – сепак не презеле дејствија и мерки за обезбедување на други материјални докази во постапката.

За случајот со непостапувањето на Антикорупциска комисија против директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу изминативе месеци реагираа и од политичката партија Левица.