Крмов од Левица: Се спрема фалсификат со пописот!

Пратеникот од Левица Борислав Крмов на својот профил реагираше дека владата предводена од СДСМ со предлог-Законот за попис се подготвува терен за фалсификат. Тој ја повика власта да го повлече предлогот и истиот да се преработи по Еуростат стандарди.

Ни спремаат попис каде немаме дефинирано „вкупно население“ и вкупно „ПОПИШАНО“ население! Без ниедна јасна дефиниција за тоа кои „единици“ ќе се попишуваат само се наброени. Не е јасно наведено кои „ПОДАТОЦИ“ ќе се прибираат. Прашалникот го нема .Зборот „ДИЈАСПОРА“ го нема. Нема скоро никаков критериум, ќе се попишува се’!

И тие кои се тука, и тие кои не се, и тие со државјанство и тие без државјанство. Директорот на ДЗС има врзан потпис со заменикот од ДУИ. Уште еднаш ја повикуваме Владата да го повлече овој закон на сериозна доработка по стандардите на ООН и Еуростат. Во спротивно народот ќе биде приморан да се мобилизира за да спречи ФАЛСИФИКАТ. Ширете, ова НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ.


Ни спремаат попис каде немаме дефинирано „вкупно население“ и вкупно „ПОПИШАНО“ население! Без ниедна јасна дефиниција…

Posted by Борислав Крмов on Tuesday, 22 December 2020