Проштална реч на Гане Тодоровски при простувањето со Блаже Конески
На 7 декември 1993 година, во тивките попладневни часови, на 72 годишна возраст, нѐ напушти нашиот најголем великан, академикот Блаже Конески.
Конески во вистинската смисла на зборот е еден од најзначајните основоположници на македонистиката. Неговите дела за развојот, растежот и подемот на македонската лингвистика ги надминуваат рамките на нашата земја и претставуваат значаен фактор за широката афирмација на македонската култура и историја.
Еве што при закопот на Блаже Конески истакна Гане Тодоровски во негова чест како последен поздрав:
Тажно собрание!
Мигов е сублимен. Ова е час на разделба. Се збогуваме од ретка личност, којашто само по некоја минутка, откако мајчичката земја ќе ro прими засекогаш во своите пазуви – станува поимска категорија. Ќе ro нема веќе Блаже Конески, оној од нашето секојдневие, каков што сме успеале да ro запаметиме – необичен во својата обичност, скромен и прескромен, грлест во смеата и мажествен во визиите, луциден во досетките и квалификуван да ги поедноставува нејсложените нешта. Тој и таков Блаже Конески си заминува засекогаш.
Ќе ни остане оној другиот, вечниот, вековитиот – синонимот на еден грандиозен влог во поновата македонска историја, растајнувачот на мистериите на нашето македонско постоење и опстоење, човекот којшто благодетите на својот дух ги истури на толку MHory страни, неоти дрво претежнато од плод, творецот на нашата модерна историја, на оној нејзин парцел од пет децении на подем, наречен регуларен тек на нашето национално осмислување.
Таквиот Блаже Конески, престорен во поимска категорија ќе им биде дејствен чинител на поколенијата што отсеra па натаму ќе пристигаат за да ја доречуваат Македонија, нивна патоводна ѕвезда, нивни суптилен компендиум. Ќе остане Конески да векува како емисионен центар што ќе распраќа пораки од егзистенцијално значење.
Тажно собрание!
Имам чест да зборувам од името на плејадата современи македонски писатели чиј духовен предводник, чиј апсолутен врв, чија духовна Доминанта, чија вредносна синтеза беше токму Блаже Конески, тоа наше одличие за показ и приказ, тоа наше надвременско достоинство.
Ти блаrодариме, драrи Блаже, што те имавме, како прав човек во право време, како мера според која дознававме за себе, како врвна мислечка единица. Векувај во името на цел еден народ.
Нека ти е вечна славата.