Освен корупција – што друго имаат заедничко власта и опозицијата

Поради тоа што нашата политичка сцена ја карактеризира долга историја на жизофреност, се јауваат многу нејаснотии при секој обид да се разграничат двете доминантни касти; кои наизменично ја превземаат власта. Но, затоа доста јасно може да им ги детектираме сличностите.

Па така, освен коруптивноста, суштинска заедничка карактеристика на овие две проминиенции е заложбата за економска либерализација на целокупната економија во државата. Односно, нивното тежнеење кон либерализација во економската политика која ја застапуваат. Ваквите заложби во економијата имаат тенденција на целосна приватизација (особено на јавните добра и услуги) – како и дополнителна дерегулација на ограничувања за приватниот бизнис и трговијата што резултира со намалување, а во крајна линија и отстранување, на вклученоста и улогата на државата во економијата.

На овој начин, клучните општествени сегменти како стратешки интереси на народот и државата (како на пример во овој случај енергетскиот сектор) се препуштаат да бидат стопанисувани од страна на приватниот капитал и на тој начин водени од принципот на профитот и приватниот/личен интерес, а на штета на јавниот. И кога се работи за економската подлога на државата/заедницата, она што е клучно да го разбере народот е врската помеѓу ЕКОНОМИЈАТА и ДРЖАВАТА како таква. Во оваа насока, одредени класични политички мислители дури и тврдат дека токму она што значи економија, односно нејзината сфера од заедничкото живеење, ја раѓа потребата од заедништво, односно држава.

Имено, ако економијата ја земеме како база (структура), а државата како надградба (национален идентитет, суверенитет, територијален интегритет, степен на развиеност во наука, култура и образование), и оттука, ваквата врска ја аплицираме со историјата на распадот на македонската државност, во секој поглед: образовен, идентитетско-културолошки, научен, од аспект на контрола на суверенитетот и територијален интегритет, здравствен, па ако сакате и од аспект на постоење индивидуален човечки капитал како потенцијал; кристално јасно може да се воочи дека, врската помеѓу, од една страна, историјата – се до постоечкава моментална точка од пропаста на македонската држава – со концептот на либерализација во екоомијата, од друга страна, таа врска е обратно пропорционална.

Односно, како македонската држава, тоест, нејзиниот народ, постепено ја губеше контролата над заедничкиот имот (средства за производство и услуги), така народот ја губеше државата, односно неговата државност пропаѓаше да последните години веќе таа и целосно се отуѓи од својот народ и постои само ради обезбедување на богатството и гарантирање на мирот и безбедноста на шака луѓе кај кого се наоѓа тоа богатство. Реално, богатата класа мирот почнува да го губи, обидите за ескапизам по планински предели и острови самата нивна култура ги отфрли, прашање е на време кога ке почнат да го губат и богатството. Сѐ друго е огин во огледало.


ОСВЕН КОРУПЦИЈАТА ШТО ДРУГО ИМААТ ЗАЕДНИЧКО ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА Поради тоа што нашата политичка сцена ја карактеризира…

Posted by Реџеп Исмаил on Friday, 27 November 2020