Медот го собра елитата, за Атиџе остана само празна тегла!
Атиџе Муратовска, хероината од документарниот филм „Медена земја” кој беше номиниран во две категории на Оскарите, деновиве е повторно актуелна. Овој пат „оскаровката“ Атиџе која во предоскаровската еуфорија беше брутално злоупотребувана за самопромоција на власта и собирање политички поени, денес моли за помош. Кога целиот свет ја величаше за време на траењето на еуфоријата околу оскарите, и власта не штедеше зборови, ниту ветувања за обезбедување основни услови за живот.
Но, понижувачкиот однос на власта кон хероината на филмот, деновиве го достигна својот врв. И покрај ветувањата од локалната васт, конкретно градоначалникот на општината Лозово, Ацо Велковски, дека ќе добие вработување во општината, ќе го реновира кровот на нејзината куќа (која патем и беше подарена од режисерите на филмот), ќе добие соларни панели, ќе сними песни во студио, и што уште не, останаа само празно ветвање.
Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции во владата Елвин Хасан, кој пешки ја посети, исто така даваше ветувања, но очигледно и тие остана без плод. Името на Атиџе се најде во центарот на вниманието на јавноста и во месец септември, кога туристички агенции од Скопје започнаа да организираат туристички тури до нејзиниот дом, а моменталната ситуација покажува дека и овој обид бил само желба за брза заработка, а не помош или промоција на риогонот.
Ситуацијата е понижувачка до тој степен што сите ветувања што ги даваа паднаа како кула од карти. И уште еднаш, оваа власт ја покажа својата неконструктивност. А иронијата да биде поголема, деновиве е спроведена донаторска акција на која граѓаните собираат пари за помош, во која за сега се собрани едвај 2000 $ од потребните 5000$. Таа нема пензија, ниту пак е вработена, живее од минималната социјална помош и својот труд, додека ветувањата на властите за нејзино вработување по изборите и оскарите исчезнаа. Откако потенцијалот на филмот за самопромоција се искористи до максимум, исчезна и лажниот хуманизам на градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски, кој во неколку наврати беше претставен и како човек кој врши мобинг врз вработените во својата општина.
За жал и покрај успехот на овој филм, кој можеше да послужи како пример за тоа како треба да изгледа еден Македонски извозен културен продукт, кој спојува уметност, култура, традиција, туризам, самоодржливи концепти, чиј главен протагонист беше токму Атиџе, власта успеа да го исполитизира, се обиде да заграби политички поени, и конечно го осуди на пропаст. Го собра медот и ги оставија теглите празни.