АктуелноЛокално

Левица во Гевгелија ги освежи заборавените споменици на НОБ

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија од фашистичката бугарска окупација, Локалниот огранок на Левица од Гевгелија изврши освежување на спомениците од НОБ во Негорци и Серменин.

Спомениците кои беа поставувани од социјалистичката власт за да симболизираат на отпорот против фашистичкиот окупатор, со децении се заборавени од секоја власт. Изминатата власт додека креваше монументни споменици за жртвите на комунизмот, новата социјал-демократска власт преговара за ревидирање на историјата и репарирање на злоделата на фашистичкиот окупатор. АСНОМ-ските вредности врз кои беше градена социјалистичка Македонија системски се уништувани од почетокот на транзицијата, за денес и Бугарија да се придружи кон бришење на антифашистичката борба на македонскиот народ – преку која ја издвојува својата независност.


По повод 7 Ноември, денот на ослободувањето на Гевгелија од фашистичката бугарска окупација, ЛО на Левица од Гевгелија…

Posted by Левица – Гевгелија on Saturday, 7 November 2020