АктуелноЛокалноСтав

Тој што ја искусил сиромаштијата не може да биде купен со пари!

Статус на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица.


Гледам шарени “револуционери” се израдувале на информацијата дека сметката на Левица била во Еуростандард банка. Тријат раце. Тријат раце затоа што се надавеаат на пропаст на партијата. А тоа го прават оти немаат поим што е тоа сиромаштија, па си викаат овие без пари ќе пропаднат. Еве шанса да научат.

Сиромаштијата, најпоедноставно, значи секојдневно да трпиш глад , студ или жега и осаменост. Гладот го трпиш оти ти фали храна. Жегата и студот ги трпиш оти немаш за соодветна облека и, во зависност од годишното време, топол или ладен дом. Осаменоста ја трпиш затоа што за секаде кај што се собираат и групираат луѓе ти требаат пари, а пари немаш. Притоа гладот, студот и жегата се мала беба во споредба со осаменоста која ја носи сиромаштијата. Наједноставен пример за ова е примерот со средношколец кој нема пари за ужинка. Додека другите се собираат и групно ја јадат ужината на одмор, он за да не им ги брои залците, кружи сам низ град додека поминат тие дваесеттина минути голем одмор. Ем гладен, ем осамен.

И ова е најпоедноставено. Во реалноста сликата е пострашна. Во реалноста, додека немаш за кифла, маркетингот ти вика дека за да бидеш среќен треба да јадеш кавијар. Во реалноста, додека ставаш ќесиња во кондури оти пуштаат вода, маркетингот ти вика дека за да бидеш среќен треба да купиш кондури од посебен бренд со астрономска сума. Во реалноста додека немаш за чај од 20 денари, па мораш да одиш дома да самуваш, маркетингот ти вика дека за да бидеш среќен во друштво, со друштвото треба да седнеш во ресторан со златен прибор. Сето тоа ја носи агонијата на сиромаштијата до степен на неподносливост.

Арно ама, не е сѐ така црно. Нема угорнина без удолнина. Така и од сиромаштијата не е сѐ удолнина. Угорнината, придобивката кај тие кои ја искусиле сиромаштијата, кои искусиле глад, студ, жега и осаменост е во тоа што тие не се контролираат. Кај нив не делуваат стапот и морковот. Ниту можеш да ги купиш, ниту пак се плашат од казна. Сиромаштијата ги принудува да се научат на скромност. Да направат јасна разлика од тоа што им треба, од тоа што е потреба и тоа што е желба. На таквите не им требаат вилите на Заеви, плацот на Грујо на Водно, масератито на Анѓушев, јахтата на Шеќеринска, милионите на Љубчо. Како ќе ги купиш? Дополнително поминале низ пекол, па како ќе ги казниш? Со што ќе се заканиш, со губење пари? Хахахахахах. Самотијата ги учи да се соочат сами со себе. Кога го губиш светот околу тебе, се наоѓаш самиот себе. Последицата од тоа е што научуваш како да уживаш во осаменост. И како ќе казниш таков човек, со што ќе му се заканиш? Со затвор? Хахахаххахаха.

Такви се децата на транзицијата. Не можат да се купат, ниту да се заплашат. Затоа децата на транзицијата немаат потреба да лижат кај Заев за пратеничко место. Затоа не лижат за работа преку партија. Затоа не трпат некој да ги нарекува шути и рогати и да вели дека ќе им го ебе мамето. Децата на транзицијата знаат да уживаат во самотија и не сакаат ништо повеќе од тоа што им треба. Единствен исклучок од ова второво се главите на транзиционите политичари. По нив ќе дојдат, со пари или без пари. А кога ќе дојдат по главите ќе дојдат со народот. Народот кој цел живот се мачеле да ги заштеди тие мочани илјада евра депозит кои им пропаднаа заедно со Еуростандард банка.


Гледам шарени “револуционери” се израдувале на информацијата дека сметката на Левица била во Еуростандард банка. Тријат…

Публикувахте от Саше Јанчев в Неделя, 16 август 2020 г.