(Видео) Апасиев: Левица му дише на ДУИ во врат

Денес на Канал 5 телевизија се одржа првото интервју во емисијата „Само интервју“ од новата сезона на која гостуваше, пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев.

Уште на почетокот на емисијата тема на разговорот беше растот на партијата, како и се поголемата поддршка која ја добива кај народот. Во таа насока Апасиев искоментира дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се практично една иста партија, заради што Левица се наметнува како единствена опција.

Пред да станам пратеник мислев дека СДС и ДПМНЕ се две различни партии, ама од внатре гледаш дека механизмите се тие. Едните имаат нивна банда, зборувам банда и батки и бизнис лобија околу нив и другите нивни. И, имаат една друга банда, тоа се олигарсите кои ги работат и едните и другите.

На прашањето кој би се справил со овие две политички партии, Апасиев кратко нагласи дека тоа го може само новата генерација на политичари од Левица.

Левица може само да се справи со нив, т.е. нова генерација политичари може да се справи со нив. Не може да се справи нешто што е накриво насадено.

Апасиев неминовно во оваа насока го искоментира и процесот на транзицијата и приватизацијата, што е спроведувана и од двете политички партии, за време на чие владеење е направено 5 и пол милијарди евра штета.

Во 90-тите кога почнуваше транзицијата сме имале 6 милијарди капитал, кој е приватизиран за пола милијарда, што значи 5 и пол милијарди капитал се покрадени и тој капитал е акумулиран. Долг е патот на борбата, никој не вика дека од денес за утре е тоа, затоа работиме на терен.

Лидерот на Левица констатираше дека денес паријата е единствена која бележи континуиран раст и е во топ 4 партии во државата, која денес му дише на ДУИ во врат.

Единствена партија која расте статистички e Левица. Како што гледате ние стигнавме во топ 4 партии. Како што знаете, тие си ги направија системите за 4 партии, мислејки дека тие ќе бидат вечни, две македонски, две албански и тоа е као поделба на пленот. Сега се појавуваат нови дечки на сцена и стигнуваме малтене на ДУИ да му дишеме во врат.