Ако Царовска бара успешни жени – тоа се самохраните мајки
Статус на Виолета Аврамоска, член на Централен Комитет на Левица.
Госпоѓо ,,другарке ” Мила. Можеш уште 100 години да бидеш политичарка и ти и твојата другарка Рада и сите други жени политичарки. Но, вие никогаш не можете да се наречете способни, силни и успешни.
Ако бараш успешни жени во Македонија, ти и твојата партија, побарајте ги сите самохрани мајки од државава. Кога ќе ја видите нивната секојдневна борба за преживување, која ја водат за своите деца, во оваа смдрлива капиталистичка јама од држава, која вие ја создадовте за 30 години, е тогаш ќе разберете што значи успешна жена.
Побарајте ги и научете како е сама жена да се бори да обезбеди храна и облека за своите деца, како купува книги, тетратки и се’ друго што е потребно за да ги испрати во училиште.Како секој ден грижливо и со болка во душата му подготвува ужинка за во училиште.Како ја боли душата кога детето ќе и’ побара чоколада, а таа нема пари ни за леб, бидејќи кога ќе ја земе мизеријата од плата за која крваво работела, се чука по главата и се мисли што со неа.Ако ги плати сметките, детето ќе и’ остане гладно, ако го нахрани детето, ќе и’ биде исклучена струјата и блокирана сметката.
Мислиш ли дека со таа мизерија од детски додаток, 1000 денари и школскиот 700 денари направивте многу големо и добро дело кон сиромашните? Не, госпоѓо ,,другарке”, само до бескрај не’ пониживте како и секогаш.
Е, тие жени кои опстојуваат сами во оваа мизерија од држава можам да ги наречам и силни и способни, жени – борци, жени – херои, жени – лавици. А, вас, политичарките, кои сте ,,венчани “за Парламентот, на кои и петлите јајца ви несат, можам да ве наречам само една голема нула од жени. Можам да пишувам уште многу, но доста ви е. И, така немате доволен ментален капацитет да разберете што ви напишав. Само добро е да си ги затворите устите и да престанете да не’ понижувате и нервирате.
Патот кој и’ го покажа Апасиев на другарка ти , е вистинскиот. Дури јас би го проширила и списокот.Посветено на сите самохрани мајки во Република Македонија и на сите самохрани родители воопшто. Само тие можат да разберат што значи ова што го напишав.