АктуелноЛокалноСтав

Привилегираниот албански национализам и неправедната пресуда за убиството во Н. Лисиче

Го пренесуваме ставот на Реџеп Исмаил (Хактан),  носител на пратеничка листа на Левица во Изборна Единица 2.


Политичките импликации на една лична трагедија – или како привилегираниот албански национализам влијаше за неправедната пресуда во однос на убиството во Н. Лисиче.

Вчера беше годишнина од убиството во Н.Лисиче, каде беше усмртено 17-годишното момче Никола Христовски – Кољо. Судот донесе многу неправедна пресуда за сторителот. Свесен сум дека некои ќе ме обвинат за политизирање на семејната трагедија, но токму овој случај е еклатантен пример за тоа како албанскиот национализам, од една страна, е систематски потхрануван од институциите на државата, а од друга страна, истиот цело време бидува охрабруван токму од мегафоните на владеачката гарнитура.

За првото е многу речено, а и премногу e очигледно (Рамковен договор), ќе кажам збор-два за второво. Имено, онаа „независна“ НВО клапа, која, без разлика на тоа која гарнитура е на власт, агресивно ширеќи ги нео-либералните идеи целосно е оддадена на спроведување (преку јавна бука и медиумска контаминација) на странските агенди во земјава. Оваа „независна“ граѓанска маса, за овој случај ќе каже дека: „инцидентот нема етничка позадина“. Што е точно, но пресудата и третманот на институциите и тоа како имаат етничка позадина во овој случај.

Недвосмислено убиецот е Албанец, и надлежните институции за спроведување на правдата (Обвинителството и Судот) под влијание од незаузданиот албански национализам донесоа исклучително неправедна пресуда. И секој оној, било да е поединец или група, кој ќе ја направи оваа констатација тие веднаш се нафрлуваат во лепење на етикети за „национализам“,(македонски национализам, нели) а притоа намерно ги преспиваат одлуките на институциите донесени токму под влијание на албанскиот нацинализам.

Токму оттука и беше залепена етикетата на Левица како „националистичка“ заради нејзиниот став во врска со Законот за двојазичност, т.н. позитивна дискриминација по етничка линија, Бадентер принципот во Собранието, ултимативноста за етнички претставници во Владата, паралелните школи и јавни институции, и ред други системски причинители преку кои се зацврстува и храни албанскиот национализам. Да другари, политичките импликации од незауздувањето на албанскиот национализам, освен што резултираат со национална дезинтеграција во било кој поглед (образование и култура, економија, транспорт, правда), тие се рефлектираат и во лична трагедија. На ова мора да му биде ставено крај.

Правдата за Кољо ќе биде почеток за една праведна држава, која потоа општеството ќе го направи да биде за сите!

Политичките импликации на една лична трагедија – или како привилегираниот албански национализам влијаше за неправедната…

Публикувахте от İsmayıl Rəcəb в Вторник, 30 юни 2020 г.