Кромберг и Шуберт со тужба до Апасиев

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва на својот фејсбук-профил објави Барање за јавно извинување од странската компанија „Кромберг и Шуберт”. Според објавеното, преку адвокатското друштво „Папазоски и Мишев” од Скопје, компанијата бара извинување и јавно повлекување на изјава поради, како што е наведено, „пренесување и соопштување невистинити факти за фабриката и нивните вработени”.

Во барањето дополнително се наведува дека „никој не ги присилува вработените да работат во фабриката и доколку истата претставува концентрационен логор, вработените можат слободно да го прекинат работниот однос.”

Деновиве политичката партија Левица поднесе повеќе пријави за кршење на работничките права до Државен инспекторат за труд, вклучително и против странската компанија „Кромберг и Шуберт“. Во однос на оваа компанија од партијата реагираа дека работниците во оваа фирма со години се вработени со договор на дело од три месеци, со што уште пред почетокот на кризата секојдневно биле бркани од 20 до 250 работници дневно. Дополнително, родителите кои побарале ослободување од компанија единствено што добиле биле закани за отказ.

Нема поголемо признание за еден левичар и заштитник на работниците, од она кога еден КАПИТАЛИСТ, олицетворен преку…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Вторник, 31 март 2020 г.