Неколку факти за кубанското здравство

„Нашата земја не фрла бомби врз други народи.
Ние немаме биолошки или нуклеарни бомби.

Ние ги обучуваме нашите лекари
да им помагаат на другите нации“.
Фидел Кастро


За разлика од  развиените западни земји кои сe’ уште немаат понудено помош на Италија, Куба заедно со Венецуела, Кина, а сега и Русија се единствените земји кои несебично се приклучија на Италија во борбата против коронавирусот.

Помошта која ја понуди Куба како земја која со децении е под санкции и ембарго на САД, најпрво изгледаше само симбoлична. Но, медицинскиот персонал кој беше испратен од Хавана ги изненади сите, рушејќи го стереотипот за оваа карипска земја како изолирана, неразвиена и заостаната.

За стручноста и квалитетот на здравствениот систем на оваа социјалистичка земја, во продолжение одвојуваме неколку факти.


1.Секој жител на Куба има пристап до здравствена заштита. Тоа е фундаментално право кое е дел од Уставот на оваа карипска земја. Оттука, здравството во Куба постои за своите жители, за разлика од САД каде жителите постојат за здравството и на нив се гледа како на најобични потрошувачи. 

2.Куба е земјата која веќе со децении несебично испраќа најмногу медицински персонал во хуманитарни мисии. Така, на пример, во 2015 година во најразлични хуманитарни мисии спроведени во 77 земји учество земале околу 37 илјади доктори и друг медицински персонал од Куба.

3.Вистински доказ за напредокот и квалитетот на здравствениот систем во оваа земја е и фактот што во 60-те години на минатиот век просечниот животен век изнесувал 65,4 години, додека денес е нешто над 77 години за мажите и 81 година за жените, што е на исто ниво како и во Велика Британија.

4.Куба со своето здравство успеа да направи огромно подобрување, односно намалување на стапката на морталитет на деца до 5 години. Така таа во 60-те години изнесуваше 75,9 на 1.000 жители, а денес е 7.

5.Посебен акцент се става на здравјето на најмладите. Секое дете два пати годишно, задолжително, посетува доктор, а секое училиште има свој матичен доктор. 

6.Поради квалитетот на своето здравство, во Куба е развиен и здравствениот туризам. Над 30 илјади од туристите кои ја посетуваат оваа земја на годишно ниво ја посетуваат со цел да извршат одреден медицински зафат.

7.Министерството за здравство на Куба издава неколку специјализирани медицински списанија. Истите се преведуваат и објавуваат на англиски јазик.

8.Во 1994 година во Хавана е основан Центарот за Молекуларна имунологија. Станува збор за истржаувачки центар чиј фокус е истражувањето и производството на нови биофармацевтски продукти за третман на канцер. Во него работат 800 вработени, најголем дел од нив научници и инжинери.

9.Одредени сегменти на здравствениот систем на Куба се цел на анализи од многу земји. ЕУ, Велика Британија и други земји се обидуваат во своите здравствени системи да ги имплементираат добрите практики од кубанскиот пример.

10.На Латиноамериканското училиште за медицински науки (ELAN) во Хавана, годишно студираат околу 10 илјади студенти. Студирањето на оваа високообразовна институција за државјаните на Куба е бесплатно, а дополнително секој студент добива и стипендија од 100 кубански пезоси месечно. Земјата нуди и стипендии на интернационални студенти. Според податоците од 2013 година, тука студирале и 19.550 студенти од 110 земји.

Кубанските лекари пречекани со аплауз во Италија

Cuban Doctors Arrive in Italy

Italy receives Cuban doctors with a standing ovation 🇨🇺 🇨🇺They will help the country with its COVID-19 crisis.

Публикувахте от teleSUR English в Неделя, 22 март 2020 г.