Асад: Тероризмот е инструмент на западниот свет за доминација над другите народи
Патриотската моќ е фундаментална моќ. Тоа е морална моќ која произлегува од чувството на патриотизам, од патриотскиот дух и патриотската свест која што секој еден граѓанин ја поседува. Ова е природна работа во повеќето држави во светот, и е најважниот елемент кој што ја потхранува издржливоста на населението кое што живее во многу тешки услови, не само од безбедносна и воена перспектива, туку и во однос на ниските услови за живот кои што ги погодуваат сите граѓани на Сирија.
Но, ако зборуваме за опасноста од тероризмот како нова појава, она што е уште поважно да се разбере е менталитетот под кој се појавува тероризмот. Кој е менталитетот позади нацизмот, кој што беше поразен од страна на Советскиот Сојуз? Белорускиот народ бил клучна алка во сојузот на нации кои се бореле во Втората светска војна и притоа го жртвувале својот живот.
Позадината и војната во принцип се исти. Зошто воопшто нацизмот се има појавено? Со цел да се доминира над остатокот од светот, да се уништат останатите народи. Војната која ние ја водиме денес не е само против тероризмот, туку против и луѓето кои што го спонзорираат истиот. Тероризмот е само еден инструмент воведен од страна на земјите од Западниот свет кои што сакаат да го воведат тој нацистички менталитет чија цел е доминација над сите останати народи, и претворање на другите држави од светот во робови, со тоа што се контролира сето материјално и морално богатство што тие го имаат.
Затоа тероризмот е само еден инструмент на таквата политика и само еден производ од таквиот менталитет. Војната која што ја водат вашите луѓе е истата која што ја водиме и ние. Разликата е само во насловите и инструменти, но содржината во принцип е една иста.