Зек Де Ла Роча: САД е империја на злосторства

Интервју на Зек Де Ла Роча од Rage Against The Machine.


Затоа што мислам дека да се живее во САД значи да се живее во едно од најбруталните општества во историјата на светот. Држава која го наследи геноцидот на америчките староседелци, држава која учествуваше во приватното ропство, единствена држава која употреби атомска бомба, држава која погуби и пороби милиони во југоисточна Азија како резултат на војната во Виетнам. Ние бевме инспирирани од луѓето кои пружаа отпор бидејќи и ние мислиме дека кое било општество, влада или систем кој што е единствено наменет да придонесе за зголемувањето на профитите на  богатата класа, додека мнозинството се труди, страда и ја продава својата работна сила.

Општеството во кое единствениот мотив е профитот, а не одржувањето и подобрувањето на положбата на народот, положба која ќе ги задоволи човековите потреби, е општество кое не треба да опстои. Тоа општество треба да биде оспорено, предизвикано и соборено . Будењето од долготрајнато наследство на бруталноста на американската историја и потчинувањето на светската популација, беше нешто што сакавме да го испитаме преку музика. 

Бев привлечен кон музиката уште од најрана возраст. Имав постари пријатели кои ме запознаа со најразлични работи и уште од многу рана возраст го слушав Хендрикс, па малку џез, Чарли Паркер, и почнав да свирам гитара како прв инструмент. Подоцна, револтот во нашата музика дојде инстинктивно, бидејќи јас бев Мексиканец во дел од државата каде што бев исклучок во правилото, бидејќи повеќето Мексиканци во „Округот Оринџ” по правило беа таму со метлата или чеканот во нивните раце, или береа јагоди. Искусив длабоко чувство на фрустрација и отуѓување растејќи во многу конзервативна и расистичка заедница, што иницијално ме привлече кон панк музиката и панк културата.

Бев многу привлечен кон музичарите кои ги слушав во тоа време, како Iggy Pop, The Stuges, MC5, Public Enemy, Run DMC, и сметав дека рапот и панк-рокот се двата медиуми кои можат да овозможат најприкладна позадина за нашите идеи. Кога растев играв брејкденс, слушав панк-рок музика, која ме допре како никој друг тип на музика, па самото се случи спонтано и не многу обмислено. Бевме многу возбудени околу идејата за свирење хип-хоп со инструменти во живо, и фузирање на музиката која што ја сакавме, па се беше многу спонтано и нема начин да се опише како или зошто звуците се споија.

САД е империја и една од најголемите сили во глобалната економија, и насловот на албумот всушност доаѓа од говор на Роналд Реган во 80-тите каде што го адресира Советскиот сојуз како злобната империја, но ако ги погледнете злосторствата од страна на Америка во втората половина од дваесетиот век, сфаќаме дека тоа име може лесно да се употреби за да се опише Америка. Затоа и го употребивме.

Насловната слика на вториот албум е малку поиронична. За нас момчето ја претставува структурата на моќ во САД. Ако погледнете ќе видите дека се смее, како да има контрола, но ако се задлабочите во неговото лице, ќе приметите дека е уплашено, бидејќи знае што надоаѓа. Знае дека сиромавите во Америка нема да продолжат да страдаат како порано, без да превземаат нешто во врска со тоа. Сметаме дека насловната слика многу добро го отслика тоа.