Наместо конечна одлука за Иловица-Штука, Владата си постира слики од Њујорк

Вчера, среда 25 септември, истече рокот за конечна одлука за рудникот на смртта Иловица-Штука. Откако Владата донесе одлука на 4 јули, со која се одзема концесијата за рудникот, вчера заврши законскиот рок од 60 дена, во кој мора да биде донесена правосилна одлука од страна на второстепената Комисија за одлучување во управна постапка. 

Ден после истечениот рок, ниту една институција нема објавено информација за статусот на конечната одлука. Наместо тоа, Заев го запази духот на демократските вредности и транспаретноста,  со постирање на фотографии од неговата прошетка во Њујорк.

Освен за фотографирање, Премиерот на најзагадената земја во Европа посетата ја искористил и за обраќање на „Самитот за целите за одржлив развој“ на 74. Генерално собрание на ОН. Претпоставуваме дека пропуштил да спомне зошто не е реализирана ниту една мерка од владиниот План за чист воздух и другите подвизи на Владата во полето на уништување на животната средина.