Здрава Котлина: Рокот истекува за два дена, концесијата мора да биде одземена

Од иницијативата „Здрава Котлина” кои се бореа против отворањето на рудникот Иловица-Штука, на својот фејсбук профил објавија дека на 25-ти септември истекува рокот по кој Државната комисија за одлучување во управна постапка треба да одлучи по жалбата на Еуромакс. Од иницијативата го повторија својот став дека единствено прифатливо решение е конечно одземање на концесијата на „Еуромакс” и дополнаа дека секое поинакво решение ќе придонесе за тензии во регионот. Во продолжение целото соопштение на „Здрава Котлина:


„Почитувани наши соборци, почитувани сожители на Струмичката котлина!

Часови се веќе во прашање!

На 25 септември завршува рокот во кој треба Државната комисија за одлучување во управна постапка да одлучи по жалбата на Еуромакс за одземањето на концесијата.

Ние не гледаме никаква оправдана причина, ниту пак очекуваме да се пролонгира донесувањето на одлуката затоа што законот е дециден и кажува дека во рок од 60 дена одлуката мора да биде донесена.

Исто така, не гледаме никаква реална причина Судот да не ја потврди одлуката на Владата за одземање на концесијата.

Сите инволвирани страни во овој огромен проблем знаат дека жителите на Струмичката котлина не сакаат рудник. Тоа го знае и Владата на чело со премиерот Заев. Исто така, сите знаеме дека имаме цврсти аргументи зошто мора да се одземе концесијата.

И затоа сакаме да предупредиме дека било какво пролонгирање на одлуката или одлука спротивна на решението на Владата за одземање на концесијата, во Струмичко ќе доведе до многу тензична атмосфера.

Во таков случај, нема да имаме друг избор освен да ја почитуваме волјата на нашите сожители и во најкус можен рок да организираме најразлични начини на протести во кои ќе биде децидно покажана нашата одлучност да нема рудник. Искрено се надеваме дека до тоа нема да дојде.

РУДНИК НЕМА ДА ИМА!”

НА 25 СЕПТЕМВРИ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЖАЛБАТАПочитувани наши соборци, почитувани сожители на Струмичката…

Публикувахте от Здрава Котлина в Неделя, 22 септември 2019 г.