“Молба за демократија”: Протестирачите во Хонг Конг побараа помош од САД

Протестите во Хонг Конг против Законот за екстрадиција – кој кинеската влада го повлече – станаа препознатливи по експонирањето на знамињата на САД и Велика Британија во градот кој беше 150 години под власта на британскиот колонијализам. Во јули, учесниците во протестот насилно влегоа во законодавниот дом на Кина со цел да го постават британското знаме за Хонг Конг, симбол на британскиот колонијализам.

Слика од протестите во Хонг Конг

Во најновите апели на активистите од Хонг Конг е “барањето за помош во борбата за демократијата” до претседателот Доналд Трамп и американскиот конгрес. Лидерите на протестите во Хонг Конг измината недела имаа излагање пред конгресна комисија поддржувајќи го предлог-законот за “одбрана на граѓанските права на жителите на Хонг Конг”, при што побараа директно од законодавците во САД извршат притисок врз Пекинг. Според нив, ваквото барање „не претставува молба за таканаречено странско мешање, туку претставува молба за демократија”.

Hong Kong: Anti-government protesters call on U.S. to pass law protecting Hongkongers' rights.

Публикувахте от teleSUR English в Петък, 20 септември 2019 г.

Интензивирањето на протестите против кинеската влада доаѓа за време на силната трговска војна помеѓу САД и Кина, која започна откако американската држава започна да го губи водството во светската економија како резултат на политиките на Комунистичката Парија на Кина, предводена од Си Зипинг. Претседателот Трамп во јуни целосно им забрани на американските компании да соработуваат со кинескиот технолошки гигант Хуавеи повикувајќи се на наводни кинески обиди за шпионажа.

Но, многу поверојатно е Трамп да има намера да нанесе удар на растечката електронска индустрија во Кина, отстранувајќи го вториот најголем производител на смарт телефони во светот од американскиот пазар. Всушност, обидот да се истисне оваа кинеска компанија е само еден од многуте фронтови во војната на Вашингтон против растот на Кина како светска економска и политичка сила.

Сега, кога Кина почнува да претставува закана за униполарната доминација на Вашингтон на светските пазари, САД мора да наметне царини од истата причина поради која наметна царини (и воведе закон за забрана на кинески емигранти специфично) во почетокот на 20 век – за да го задржат своето влијание врз најголемиот дел од економскиот колач. Сепак, сегашната економска војна беснее во уникатни услови кои светот никогаш досега не ги видел.

Тоа не е борба помеѓу империјалистичките сили за доминација на светските пазари, исто како што не е ниту борба помеѓу планираната економија и слободните пазари каков што беше случајот во Студената војна помеѓу САД и СССР. САД се соочува со предизвик од земја со социјалистички идеали за иднината на светот, која во исто време може да ги победи империјалистите на сопствената пазарна игра.