Амазон не гори, Амазон е запален!
Амазон не гори, Амазон е *запален*, прашумата која произведува 20% од воздухот кој го дишеме ја сечат и палат за да направат простор за палмино масло, соја и крави.
Додека сите стоиме забезекнати по социјалниве мрежи и трубиме што и како, компрадорската влада на Џаир Болсонаро *активно* води политика на “економски пораст”, што за земја како Бразил значи масовна и сурова експолатација на сите природни добра на грб на буквално целата планета. Како што го пишувам ова, бразилски фармери, под закрила на бразилската полиција и војска напаѓаат и убиваат членови на домородното амазонско население кое очајно пробува да си ја заштити сопствената земја од државните и економски интереси, не само на Бразил, туку и на целиот свет.
Не забележавте колку пред изборите идиотски шлајмови од “весници” како Guardian и The Economist го величаа Болсонаро? Колку сите идеолошки сили на неолиберализмот климаа со глава кон неговата правилна економска политика која најбуквално и најбезкрупулозно го загрозува постоењето на човекот и секое друго битие на оваа планета? Бидејќи за империјалистите и неоколонијалистите и нивните бразилски компрадори оваа хаварија значи екстра долар во џебот. Екстерналиите кој ги ебе, ионака нема они да го јадат.
Мора да сфатите дека еколошки проблеми НЕ ПОСТОЈАТ. Постојат политички и економски проблеми кои неминовно создаваат еколошки хаварии поради начинот на кој работат. Постои проблемот на систем базиран на непрекинат раст на планета со одреден број ресурси, систем кој буквално крахира воопшто ако СЕ ПРИБЛИЖИ на било каков вид на еквилибриум.
Ниеден број на млитави кампањи за мачкање очи и “ширење свест” како забрани за користење сламки или пластични кеси, или тоталните превари како субвенции за електрични тротинети и електрични автомобили, сите тешко захтевни за литиум и ретки метали нема да го решат овој проблем. Единствено решение е АПСОЛУТНО И ТЕМЕЛНО УНИШТУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИОТ ЕКОНОМСКО-ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ
ФБ статус на Кирил Мокров, член на Централниот Комитет на политичката партија Левица