Крмов: Заедничкото чествување со Бугарија e нивната максима за „еден народ – две држави“.

Во вчерашното гостување на Тв Сител, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, изјави дека заедничкото чествување на Македонија и Бугарија е реализација на бугарската максима за „еден народ – две држави”.

Пратеникот истакна дека сите балкански народи имаат историја која се испреплетува, а инсистирањето само со Бугарија заеднички да се чествува , укажува дека Македонија само со Бугарија има заедничка историја.

Земете го Крали Марко, за кого има песни и во Македонија, и во Бугарија, и во Србија, на Косово. Ако веќе збориме за заедничко чествување на историски личности, тогаш треба цел Балкан да седне заедно и заеднички сите да чествуваме. Ние имаме ситуација каде што само на Македонија и на Бугарија се инсистира заеднички да чествуваат, како наводно само нашите две истории заеднички да се испреплетуваат, додека другите не.

Ако веќе збориме за вистинско помирување и чистење на историјата од политиката, како што власта зборува и дава пример меѓу Германија и Франција, тогаш треба да се вклучи и Албанија, и Грција, и Србија, и тогаш ќе имаме и три-четири држави кои чествуваат заедно.

Сите словенски народи ги чествуваат Кирил и Методиј. Затоа и Чесите се бунеа како тоа нешто што е сесловенско, Бугарите да бараат од нас да потпишеме дека е само бугарско.

Само Македонија и Бугарија да чествуваат заедно јасно алудира на нивната максима за „еден народ – две држави“. – истакна пратеникот Борислав Крмов.