(Видео) Крмов: Пендаровски говори глупости – нека докаже дека Левица е финансирана од странство

  • Секвенца од вчерашното гостување во дневникот на Сител на пратеникот од Левица, Борислав Крмов

Новинарот: Министерот за надворешни работи, Османи вели: ,,Еве овие партии, како вашата, која што била продолжена рака на руската дипломатија или дека сте функционирале за интересите на Русија во земјава“, има ли некаква вистина во тоа, соработувате ли Вие со Москва?

Борислав Крмов: Не, апсолутно не, тоа е чиста глупост, морам да кажам! Морам да бидам малку остар! Претседателот Пендаровски имаше слична изјава и тоа, замислете во пишан медиум, таму тврдеше и други глупости, дека сме му дале орден на рускиот амбасадор, а всушност се работеше за таа малата паричка со ликот на Гоце Делчев, 150 примероци кои што ги дававме на сите личности со кои што комунициравме тој период.

Видете вака, финансирање со странски пари, посебно од странски влади на политички партии е кривично дело. Ако они имаат било какви индиции нека ги отворат јавно и нека отпочнат процедура, а не да фрлаат магла на јавноста. Ова јавно ги повикувам: Ако има еден денар Левица да примила од страна, за застапување на странски интереси, утре нека покренат постапка, а ќе видите дека нема да покренат !