Истражување на ИРЛ за генсекот Рашковски

Откако изби скандалот со аудио-снимката објавена од новинарот Горан Момироски, денес на прес-конференција генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, најави дека нема да поднесе оставка и дека ќе биде поднесена тужба за клевета против медиумите кои го објавиле транскриптот од новоокриената “бомба” во која тој е инволвиран.

Генералниот секретар важи за близок човек до премиерот Заев и од самото негово назначување на функција постојано го следат скандали за непотизам, корупција, па се до лажниот втор докторат објавен во неговата биографија. Исто така, Рашковски беше поврзан и со рудниците на смртта преку неговата сестра, која е вработена во корпорацијата со истечена концесија Еуромакс, додека прв братучед на генсекот беше директор на контроверзната корпорација.

Новонастаната ситуација со бомбата против СДСМ во која Рашкоски користи расистички навреди кон повеќе народности станува иронична, со оглед на фактот дека оваа влада дојде на власт токму преку објавување на бомби против поранешната власт. Во продолжение, на овој линк можете да ја погледнете кратката епизода изготвена од Истражувачката Репортерска Лабораторија за скандалите поврзани со работењето на генералниот секретар на Владата.