Претседателот на Иранскиот парламент, Али Лариџани со осврт на парадоксалните политики на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот предупреди дека Техеран „игра со оган“ со надминувањето на ограничувањата за резерви на ураниум, што беше повот за критика од страна на претседателот на парламентот на Исламската Република Иран, Али Ларџани.   

Говореќи на годишнината од падот на иранскиот патнички авион кој беше соборен од страна на САД, Ларџани се осврна на односите помеѓу Иран и САД, за за кои тој рече дека особено се влошиле при мандатот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. 

„Збунетото однесување на САД кон нуклеарната програма на Иран покажува недоволно разбирање на Вашингтон за Иран, за Блискиот Исток, како и иранската цивилизација воопшто“. Ларџани истакна дека заблудите, грешките и парадоксалните коментари кои доаѓаат од Белата куќа особено се зголемија во тековниот мандат на овој „чуден“ претседател на САД.

Спикерот на парламентот Ларџани американските претставници ги спореди со еден куп гангстери кои веруваат дека можат да ги замолчат другите со галамење во глобалната арена. „Тие дури и контактираа со некои незначајни земји од регионот за да формираат коалиција против Иран. Но, не успеаа, затоа што тие земји се наши соседи и тие знаат дека доколку навистина се постават против нас, тие ќе мора да ја платат цената за тоа“, рече Ларџани, додаваќи: „Трамп треба да знае дека додека го користи јазикот на принуда со цивилизирана нација, нејзиниот отпор само повеќе ќе расте и заедништвото ќе се зацврстува.“.

Во изјавата на Белата куќа од понеделникот, меѓу другото, стои и следново: „Се сомневавме дека дури и пред постоењето на договорот, Иран ги прекршува условите“. На што министерот за надворешни работи на Иран, Зарив реагираше со постирање на слика од самата изјава на својот твитер профил со коментарот „Сериозно?“.

„Ние претходно го најавивме ова и во тоа бевме сосема транспарентни, отворено кажувајки што ќе правиме“, изјави за новинарите Зарив. „Ние ова го сметаме за наше право, произлезено од нуклеарниот договор“, додаде тој.

Откако САД еднострано се повлече од договорт со Исламската Република Иран во кој беа вклучени + 4 светски сили (Велика Британија, Франција, Кина и Русија), наметна ригорозни санкции кон оваа земја. Ваквото однесување на САД беше вчудовидувачки и за останатите земји па тие повикаа на враќање на САД и исполнување на обврските од договорот, но сето тоа беше залудно. Потоа, европските сили, со намера да ја санираат штетата од повлекувањето на САД, креираа трговси механизам познат како INSTEX но Техеран соошти дека тоа нималку не ги задоволува потребите на Иран како и воопшто не ја санира штетата од самоглавиот потег на САД.


Па, според тоа министерот за надворешни работи на Иран, Зариф, истакна дека тие при спроведување на својата енергетска нуклерана програма нема да го имаат во обзир договорот од 2015 година, затоа што тој со повлекувањето на САД е беспредметен. Но, исто така ја поздрави иницијативата на европските сили за креирање алтернативен трговски механизам како потенцијално историска алатка во борбата против силната доминација на доларот во меѓународната трговија. 

„Иако не ги задоволува барањата и потребите на Исламската Република Иран [или] Европејците … механизмот има стратешка вредност која покажува дека најблиските сојузници на САД се дистанцираат од САД во нивните економски односи. Ова сигурно ќе има долгорочни ефекти“, подвлече Зарив. 

Од друга страна пак, израелскиот премиер, Нетанјаху, ги повика европските сили да ги активираат автоматските санкции кон Иран и обвини дека Иран врши „нуклеарна уцена“. 

„Израел нема никогаш да му дозволи на Иран да развие нуклеарно оружје“ рече Нетанјаху. 

Последните тензии помеѓу Иран и САД се совпаѓаат со засилувањето на американските сили во  Персискиот Залив и серија инсциденти вклучувајки го и соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иран кое било навлезено во воздушниот простор под конторла токму на Исламската Република Иран.