Среќен роденден, Малколм Икс

Денес навршуваат 94 години од раѓањето на политичкиот активист Малколм Икс (1925-1965), еден од предводниците на борбата за правата на црнците во САД.

Ставот на Малколм Икс во однос на интеграцијата на црнците во Американското општество бил негативен и сметал дека тоа е невозможно и непожелно, тој Демократската партија и Федералната влада ги гледал како дел од проблемот, а не решението. Бил противник на доктрината за ненасилна борба и, според него, таквиот метод ја поткопувал борбата на црнците.

Честопати бил обвинуван за расизам, меѓутоа, според него, „Доколку реагираме на белиот расизам со насилна реакција, за мене тоа не е црн расизам. Доколку дојдеш и ми ставиш јаже на мојот врат и јас те обесам, за мене тоа не е расизам. Твоето е расизам, а моето е реакција која нема ништо со расизам.“

Во подоцнежниот период од неговиот политички ангажман започнува да не ја гледа борбата на црнците како расен конфликт туку како дел од поголемата меѓународна борба помеѓу угнетувачи и угнетувани.

Во прилог можете да погледнете селекција на позначајни говори на Малколм Икс.