Саботажа во Венецуела
На 7-ми Март, околу 17 часот по локално време, откажа главниот генератор за струја од браната Гури во јужна Венецуела, при што околу 70% од државата беше оставена без електрична енергија.
Властите веднаш ја обвинија американската администрација, заедно со нивните тајни служби, за саботажа. Ситуацијата станува појасна ако се потсетиме на заканите за немири и воена интервенција, кои секојдневно доаѓаат од властите на САД, меѓу кои посебно се истакнува изјавата на Републиканскиот сенатор Марко Рубио, дадена само пред неколку дена дека “народот на Венецуела ќe пропати како ниеден народ во модерната историја на западната Хемисфера”. Дополнително, во очи боди фактот што во 2016 година опозицијата се потруди да протурка закон за амнестија во кој, меѓу другото, ќе се амнестираа саботажи на националниот електричен систем.
Речиси секој ден имаме нови, ригорозни економски санкции, кои буквално ја гушат венецуеланската економија, иако за лошата состојба потоа се обвинети властите во Каракас. Намерата е јасна. Американските корпорации да ги зграбат огромните природни ресурси на земјата, пред се изворите со нафта кои моментално се во државна сопственост.